Вести

Објавено на јули 14th, 2020 | од admin

0

Повик за избор на фасилитатори за работилници за кариерен развој на млади

Работилница

28 Јули – 31 Јули 2020 |

ЦЕФЕ Македонија спроведува повик за избор на 4 фасилитатори во рамките на проектот VOCCESS, проект во рамките на Еразмус + програмата, поддржан од Европската унија. Работилниците  се наменети за кариерен развој на млади и истите нудат поддршка на младите во процесот на откривање, создавање и поставување на темелите на личниот развој – во што сум добар, кои се моите вредности, кои се моите ограничувачки верувања кои ме запираат; кои се моите соништа и цели. Ова се рефлектира во VOCCESS модулите и видеата за учење. VOCCESS ги поддржува корисниците во развивање и негување навики за успех, совладување вештини и ставови за да успеете во животот: образование, кариера, социјална активност, волонтерство, самоизразување. VOCCESS создава и можност за младите луѓе да ги следат своите соништа или да развијат вештини преку низа предизвици и алатки за планирање и поставување на цели. Во овој поглед, VOCCESS не само што овозможува себе – спознавање, туку дава и можност младите да дејствуваат врз основа на својот личен развој.

Која е целта на работилниците?

По успешно завршување на работилниците, младите учесници ќе умеат:

    • Да се спознаат себеси и да направат план за својата посакувана кариера
    • Да  осознаат кои се нивните таленти, карактеристики, вредности, пасии и способности и да увидат како тие влијаат на нивниот избор на професија
    • Да си направат сопствена рефлексија на своите јаки страни 
    • Да добијат визија за својата посакувана кариера

За кого е наменет овој повик?

Повикот е наменет за фасилитатори и едукатори на млади и соработници на ЦЕФЕ Македонија

Потребни квалификации за аплицирање:

За аплицирање за фасилитатор во рамки на VOCCESS проектот се потребни следниве квалификации:

  • Работно искуство како фасилитатор или едукатор на млади ученици и студенти
  • Основно познавање на англиски јазик

Очекувани активности од фасилитаторите:

  • Да регрутираат група од 15 млади на возраст од 14-27 години заинтересирани за учество на работилниците
  • Да учествуваат на подготвителната сесија пред почетокот на работилниците (сесијата е планирана да се реализира на 25.07.2020)
  • Да реализираат онлајн работилница во траење од 8 часа, поделена во три сесии во периодот од 28.07.2020 -31.07.2020
  • Да вршат евалуација на работилницата по секоја сесија и да известат за резултатите од работилницата ( до 01.08.2020)

Работен јазик : Македонски

Времетраење и методологија на обуката:

Работилницата ќе се реализира онлајн, во 3 делови (модули), при што секој модул ќе трае приближно 3 часа.  Вкупното времетраење на целата обука е 8 часа, распоредени во 3 дена (28.07-31.07.2020). Во рамките на проектот е предвидено да се опфатат вкупно 60 млади ученици и студенти, односно да се реализираат вкупно 4 работилници.

Секоја работилница ќе се реализира низ следниве модули:

Модул 1 – Основи на мојата кариера – Кој/а сум јас?

Модул 2 – Моите зони на генијалност – Во што сум добар/а?

Модул 3 – Визија за својата кариера, цели и план

Секој учесник ќе добие материјали и примери за работа произведени во рамките на VOCCESS проектот. 

Пријавување и потврда на учество

За да аплицирате за фасилитатор на работилниците ве молам пополнете ја онлајн апликацијата на нашата страна. Линк до апликацијата:     

Краен рок за аплицирање: 17.07.2020

Критериумите за избор на фасилитаторите ќе биде понуден квалитет во однос на цена.

Организатор: ЦЕФЕ Македонија (www.cefe.mk)

Информации за обуката:

 Благој Трајков

Тел: +389 71 324 959

E-Mail:  blagoj.t@cefe.mk

Јован Сталевски

Тел:+389  78 437 267

E-Mail: info@cefe.mk

Работилницата е дел од проектот “ VOCCESS”, ко-финансиран од Европската Унија

Спроведувач: ЦЕФЕ Македонија


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑