Вести

Објавено на мај 30th, 2018 | од Trajche Anastasov

0

Повик за втора работилница за наследници на фамилијарни бизниси

Првата обука во рамки на проектот ФАБУСС, која беше одржана на 18.05.2018 во просториите на Стопанска Комора на Македонија привлече 40 претставници на семејни бизниси од Скопје, Прилеп, Битола, Радовиш, Кавадарци, М. Брод, Велес, Охрид, Ресен и други делови на Македонија.

Целта на првата работилница беше да наследниците се стекнат со вештини со кои би ги научиле  родителите како да им го предадат бизнисот и беа обработени следниве две теми:

  • Разбирање на предностите и недостатоците на семејните бизниси.
  • Транснационални разлики и градење на компетенции на идните наследници.

Следната 2-ра обука е закажана на 07.06.2018 со почеток во 09:00 часот во просториите на Стопанска Комора на Македонија. Обучувач повторно ќе биде господинот Зоран Витанов, а ќе бидат обработени следниве теми:

  •  Стратегии за раст за семејни бизниси (ќе научите за дефинирањето, избирањето и реализацијата на стратегијата за раст, стратегија која нема да биде афектирана од генерацискиот јаз)
  •  Лидерство на следната генерација (ќе научите за стиловите на лидерство, емоционалната интелигенција, водењето со пример и планирањето и спроведувањето на сукцесијата).

Свое излагање на тема „Семејните динамики во организациските системи“ на оваа работилница ќе има и Марина Анчевска, која после долгогодишно учење од најдобрите тренери за личен развој, меѓу кои и Тони Робинс и Далај Лама, успева да креира еден поинаков, холистички пристап кон бизнисот, кој сам по себе претставува револуција во обуките за личен развој.

Доколку сте потенцијален наследник на фамилираен бизнис, имате од 18 до 35 години и барате одговор на овие прашања, пополнете ја онлајн апликацијата и потврдете го вашето учество со клик на следниов линк.

*Напомена: Крајниот рок за пријавување е 06.06.2018. Оние што веќе беа дел од првата обука не треба повторно да се регистрираат.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑