Вести

Објавено на мај 4th, 2017 | од admin

0

Повик за учество на бизнис академија

Граѓанските асоцијации CEFE MACEDONIA SKOPJE и CRYSTALCLEARSOFT ANONYMOS ETAIREIA PAROCHIS YPIRESION LOGISMIKOU ќе одберат 20 млади кои ќе учествуваат во проектот „Проект за претприемачко знаење кај младите“, финансиран од страна на Европската Унија преку Еразмус + програмата.
Целта на бизнис академијата е да се развие една претприемачка програма којашто ќе функционира на европско ниво и ќе го олесни личниот и професионалниот развој на претприемачките способности кај 60 млади од Романија, Македонија и Грција.

Профил на учесниците:
– 10 млади помеѓу 17-30 години.
– 10 млади, помеѓу 17-30 години со помали можности – кои се соочуваат со економски пречки (низок животен стандард, ниска плата, зависни од социјална помош и заштита, вработени на подолго време, сиромаштија, млади-бездомници, долг или финансиски проблеми).

Критериуми за селекција
– Вработен/невработен/студент (факултет или средно школо)
– Да има желба и да планира да стане претприемач
– Да припаѓа на профилот на таргет групата
– Да поседува желба за личен и професионален развој
– Да се користи со стекнатите/развиените способности после проектот преку продолжување на истиот
– Ќе се гарантира родова еднаквост
– Почит на начелото за еднакви шанси – нема да има никаква дискриминација во одност на религија, пол, потекло, националност, верувања или вредности, сексуална ориентација, инвалидитет.

Во бизнис академијата младите ќе ги развијат претприемачките способности. Академијата ќе креира простор во којшто младите ќе имаат можност да се сретнат со експерти од областа на бизнисот, јавноста и образованието, со цел да ги развијат своите бизнис-планови и идеи, и ќе симулираат отварање на бизнис. Академијата ќе понуди материјали и бизнис-планови, компјутерска програма, отворени курсеви на интернет и бизнис-списанија, за да им помогне на младите да ги развиваат своите идеи.

Истотака, младите ќе имаат шанса да патуваат 7 дена во Романија, Трансилванија, за да учат и да симулираат социјални бизниси во мултикултурна средина.
Младите ќе можат да ги препознаат своите аспирации и професионални цели како и претприемачката политика на Европско и локално ниво и како да ја искористат оваа политика за да станат претприемачи. Тие ќе разберат кои способности треба да ги развијат за да продолжат со личниот и професионален развој. Ќе се запознаат и со придобивките од претприемништвото.

За да бидат селектирани, младите ќе мора да бидат вклучени во сите активности на академијата:
– Учество во 15 работилници, во период Септември– Јануари 2017. Секоја работилница ќе трае еден ден – Учество во — Младинската мобилност во Романија – Трансилванија во почетокот на декември (7 дена)
– Учество во 15 работилници во период Јануари – Јуни 2018. Секоја работилница ќе трае еден ден

За да се пријавите за учество во оваа бизнис академија Ве молиме пополнете ја апликацијата или испратете e-mail: info@cefe.mk

Краен рок за испраќање на апликациите: 25.05.2017

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑