Вести

Објавено на јануари 6th, 2015 | од admin

0

Партнерство во интернационален проект за младински работници

„Кога се смееш, се менуваш, кога ти се менуваш – целиот свет се менува“ Мадан Катариа

Во летото 2014, ЦЕФЕ Македонија беше партнерска организација, заедно со Француската Crefad-Loire во реализација на проектот „Смеењето, едукативна алатка за секого“. Проектот беше финансиран од Европската Комисија, преку програмата Еразмус+ и собра на едно место 14 различни националности од Кавказ, Средоземието и Европа.

Нашиот тим Елена Стојановска и Јован Сталевски, учествуваа на тренинг курсот „Јога за смеење, алатка за сите“. Тренинг курсто се одржа во малото Француско гратче Марле од 03 до 09 август 2014 година и на него учествуваа идни обучувачи од Македонија, Франција, Австрија, Португалија, Шпанија, Ерменија, Грузија, Грција, Јордан, Египет, Молдова, Романија и Турција.

Целта на транингот беше да обезбеди алатки, знаење и искуство како да се водат и прилагодуваат сесиите со смеење со различни целни групи. Најголем предизвик за идните фасилитатори не беше да ја репродуцират само техниката на смеење, туку да се ослободат да се смеат без пречки и причина во средината во која работат.

Концептот на смеење без причина е развиен од International School of Laughter и се користи како корпоративни обуки од Топ Менаџментот на многу познати Француски компании како: EDF, GDF, SNCF, TOTAL, Leroy Merlin, Adidas, Nike, Carrefour итн. Резултатите после овие тренинзи се: зголемување на грижата за клиенти, мотивираност за работното место, ослободување од стрес, градење на подобри односи во тимот, како и зголемено ниво на позитивна комуникација меѓу вработените.

Благодарни сме на организаторите, како и на обучувачот Гин Пјер Фајет, за искуството, алатките и знаењето што ни го дадоа и што можеме да го примениме во нашите услуги и обуки.

Погледнете го албумот со најинтересните моменти од тренинг курсот на нашата Фејсбук Фан Страница.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑