Вести

Објавено на мај 20th, 2019 | од Trajche Anastasov

0

Партнерски состанок во Кавала, Грција

На 17, 18 и 19 мај 2019 година, во Кавала, Грција се одржа четвртиот интернационален состанок во рамки на проектот „Искуствено учење за угнетените групи на возрасни“ (Experiental Pedagogy of the Oppressed for Adults). На состанокот присуствуваа ЦЕФЕ Македонија, ГЕГЕД од Турција, АЕДДП од Грција, ЕУРО НЕТ од Италија и БАСД од Бугарија.

Овој проект цели кон развивање на вештините на мигрантите и помагање во нивната социјална интергација, развивајќи ги нивните компетенции и учејќи ги како да ги избегнат или надминат конфликтите преку подобрување на условите за живеење, писменост, пристап до јавни услуги, ИКТ и јазични вештини и поттикнување на интеркултурно учење и физичко-социјален развој; преку развој на активности за обука и создавање разни интелектуални производи, вклучувајќи истражување за нивните потреби и прирачник насочен кон обучувачи и експерти кои работат со оваа целна група.

Имено, на состанокот во Кавала се зборуваше за резултатите од активностите кои беа реализирани во изминатиот период и за активностите кои следуваат. На вториот ден од состанокот, акцентот беше ставен на обуката за обучувачи на која домаќин ќе биде ЦЕФЕ Македонија и ќе биде реализирана во периодот од 7ми  до 13ти  јули 2019 година во Охрид.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑