Вести

Објавено на март 9th, 2018 | од admin

0

Партнерска средба во Никозија, Кипар

Во рамки на проектот ФАБУСС, од 27.02 до 01.03.2018, во Никозија, Кипар, се одржа интернационален состанок на партнерите од проектот, каде учество зедоа и ЦЕФЕ Македонија и Национален Младински Совет на Македонија (НМСМ), како партнери од Македонија.

Откако беа одржани обуките за тренери во Скопје, на оваа средба се дискутираше за активностите кои треба да им претходат на обуките, содржината на тренинг матријалите за понатамошно пилотирање на модулите, а воедно  беа донесени и одлуки со кои беа дефинирани насоките за понатамошната реализација на проектот ФАБУСС, чија цел е да се спроведе процес на успешно наследување на фамилијарните бизниси.

Благодарение на овој состанок и насоките кои беа дефинирани, во престојниот период ни следи и реализација на следниот чекор од проектот, а тоа се пилот обуките кои ќе се одржат во секоја од партнерските земји (Бугарија, Грција, Португалија, Македонија, Кипар и Италија). На овие обуки можат да земат учество сите наследници на фамилијарни бизниси на возраст од 18 до 35 години.

Сите заинтересирани може да не котактираат на info@cefe.mk.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑