Вести

Објавено на ноември 28th, 2018 | од Trajche Anastasov

0

Панел дискусија на тема „Младите и политиките за вработување“

На 22-23.11.2018, во хотел Капри, Битола, ЦЕФЕ Македонија беше учесник на вториот од трите предвидени настани за вмрежување на тема „Младите и политиките за вработување“.

На првиот ден од настанот, кој беше организиран од страна на МКЦ Битола, беше реализирана панел дискусија со посебен осврт на младинската гаранција. Модератор беше Дона Костуранова од Младинскиот Образовен Форум (МОФ), а на панел дискусијата учествуваа претставници од Министерство за Труд и Социјална Политика (МТСП), Агенцијата за Млади и Спорт, Агенција за Вработување (АВРМ), Фонд за Иновации и Технолошки Развој, Национален Младински Ссовет на Македонија (НМСМ), меѓу кои и ЦЕФЕ Македонија претставувана од Александра Најческа која зборуваше за добрите практики и ги запозна учесниците со два веќе успешно реализирани проекти на ЦЕФЕ Македонија „GET YES (Global Exchange and Training for Youth Employment Services “ и „Youth Employment Skills“ каде ЦЕФЕ Македонија беше во улога на подизведувач.

Вториот ден, 23-ти ноември беше наменет за средби за вмрежување, каде учесниците на претходно закажаните средби имаа можност преку 20 минутни ефективни разговори да се запознаат со претставниците од другите организации и нивната работа, се со цел да се пронајдат заеднички теми на интерес како би се створиле услови за понатамошна соработка.

Целта на овој настан беше да им овозможи на учесниците да се запознаат со претстојните политики за вработување и процесите кои се водат. Панелистите го дадоа своето стручно мислење на следниве теми:

  • Младинска гаранција
  • Како да се намали младинската невработеност и кои би биле долгорочните решенија за перспективност во Македонија;
  • Како да се направат младите поконкурентни на пазарот на трудот; 
  • Каква улога играат праксата и дообучувањето во потрагата по работа; 
  • Со кои предизвици се соочуваат младите претприемачи;
  • Кои се мерките кои можат да ја поттикнат културата на иновација и самовработливост;
  • Кои се најголемите бариери при овозможување на полесно вработување за младите луѓе;
  • Што треба да работат на ова поле останатите чинители (носителите на одлуки, образовните институции, граѓанските организации, итн). 

Настанот беше наменет за претставници на граѓански организации кои имаат искуство и интерес за работа во полето на младинската невработеност, креатори и спроведувачи на политики за вработување на национално и локално ниво, како и претприемачи корисници на мерките за вработување на млади.


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑