Вести

Објавено на јуни 9th, 2016 | од admin

0

Панел дискусија „Како да се развива претприемништвото во Пелагонискиот регион?“

На 1-ви Јуни во организација на ЦЕФЕ Македонија и Амбасадата на САД се одржа панел дискусија „Развој на претприемништвото во Пелагонискиот регион“ во Хотел Милениум Битола.

Гостин и говорник на овој панел беше Проф. Мајкл Голдберг од Case Western Reserve Универзитетот од САД кој пренесе светски искуства и совети како им помогнал на различни екосистеми од САД, преку Европа, се до Африка и Азија.

Соработката на ЦЕФЕ Македонија со проф. Голдберг започна пред две години во рамките на проектот: “Зошто да одите во странство кога може да инвестирате во вашата држава“ кој го имплементираше тимот на ЦЕФЕ. Истата интензивно продолжи и во следниот период  преку преземање на различни активности и размена на искуства од САД со цел поддршка и развој на претприемништвото во Македонија. Токму и оваа панел дискусија е една од таквите активности.

Во рамките на овој настан учесниците имаа можност да слушнат за начини за поддршка и развој на претприемништвото во Пелагонискиот регион, како и за креирање на нови идеи и политики за функционирање во иднина. Дел од темите на дискусија беа:

– светски искуства за поддршка на претприемништвото,

– бариерите за креирање и развој на новите компании, и како да ги решиме

– идентификување на чекори што креирачите на политики можат да ги превземат за развој на претприемачкиот екосистем во државата,

– пронаоѓање на иновативни идеи за соработка меѓу актерите во системот, што би резултирало со висок раст на претприемништвото, итн.

Линкови од медиумската покриеност на настанот:

https://goo.gl/TWwDSN

http://tvorbis.com.mk/?p=36436

http://goo.gl/Edao8w

http://tera.mk/svetski-iskustva-za-razvoj-na-pretpriemnishtvoto-vo-pelagonija/

 


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑