Медиа

Објавено на декември 23rd, 2014 | од admin

0

Отворен проектот: Зошто да одите во странство кога можете да останете и да инвестирате во вашата држава?

Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија официјално го одбележа почетокот и одржa презентација на проектот: „Зошто да одите во странство, кога можете да останете и да инвестирате во (да ја развивате) вашата држава?“ на 23-ти Декември во Хотел Капри Битола. Настанот и темата на проектот предизвика огромен интерес; истиот го посетија околу 100 гости од различни сектори: бизниси, претставници на општини, факултети, невладини организации, студенти, медиуми, организации за поддршка на претприемаштвото, итн.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, а го имплементира ЦЕФЕ Македонија во партнерство со: Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола и Центар за одржливост и напредна едукација Битола. Настанот го отвори Зоран Витанов, еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија со поздравен говор, а потоа преку видео, свое обраќање имаше проф. Мајкл Голдберг од Case Western Reserve University Ohio кој говореше за соработката со проектниот тим.

Понатаму, проектниот менаџер Јован Сталевски ја презентира целта на проектот, односно дека истиот се стреми кон превенција на одливот на таленти, намалување на невработеноста и кон понатамошно развивање на претприемаштвото, на тој начин придонесувајќи кон економски развој во Р. Македонија. Наредно членовите на тимот ги поздравија присутните со свои видувања за проектот и значајноста на

темата. Исто така се понудија информации како присутните може да се вклучат и придонесат кон развој на претприемаштвото, да се информираат за изворите на поддршка од: бизнис акселератори, филантропи, бизнис ангели, кредитни линии, владини програми за поддршка на претприемачи, универзитети, итн.

На крајот се остави простор за дискусија и целиот настан се заокружи со коктел каде присутните имаа можност да се вмрежуваат и да разговараат за заедничка соработка во рамките на проектот.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑