Онлајн средба помеѓу партнерите од проектот „Zooming Expression Unity Study – ZEUS”
На 07 и 08.10.2020 година, се одржа онлајн средба помеѓу партнерите од проектот „Zooming Expression Unity Study – ZEUS”, Еразмус + КА2 Стратешко партнерство за иновации и размена на добри практики, кој поради актуелната состојба со КОВИД-19 вирусот мораше да претрпи одредени промени.
На состанокот помеѓу партнерите се дискутираа и испланираа активностите за проектот при што се креираше нова временска рамка. Исто така, се дискутираше и за одговорностите на партнерите, за успешното менаџирање и репортирање на проектот, како и за првиот интелектуален производ кој треба да произлезе наскоро од истиот.
Овој проект има за цел да ги поддржува професорите и обучувачите преку креирање на образовни методи, развивање на нов курикулум и организирање на обуки од областа на неуро-лингвистичкото програмирање.