Вести

Објавено на јануари 18th, 2021 | од admin

0

Онлајн средба помеѓу партнерите од проектот “SE4Y – Социјално претприемништво за млади“

На 14.01.2021 се одржа онлајн средба помеѓу партнерите од проектот “SE4Y – Социјално претприемништво за млади“ , на кој го довршивме првиот интелектуален производ  „План за креирање на социјален бизнис“. Планот ќе биде објавен во месец февруари, 2021 год, и истиот ќе ги содржи следниве поглавја по кои ќе можеме да ве обучиме:

  1. Избери социјален проблем
  2. Истражи го проблемот
  3. Стекни глобално гледиште
  4. Разбери ги правните структури
  5. Изгради солиден бизнис план
  6. Истражи ги можностите за финансирање
  7. Побарај тековна помош од ментор
  8. Најми ги вистинските луѓе
  9. Изгради структура на компанијата
  10. Распространи се глобално

Планот за креирање на социјален бизнис, покрај на англиски , очекувајте го и на македонски јазик. Покрај овој документ, ќе бидете во можност да погледнете и видеа со анимации, табели и итн. Целта на планот е:

  • Да го подобри квалитетот и нивото на образование во однос на социјалното претприемништво
  • Да се демонстрира моќта на самовработувањето преку едноставни чекори
  • Да им биде обезбеден на младите процесот да планираат, започнат,менаџираат и успешно раководат социјални претпријатија.

Проектот ”SE4Y – Социјално претприемништво за млади”  е дел од Еразмус + програмата, КА205 – Стратешко партнерство за млади и истиот има за цел да ги надгради младите со конкретни компетенции и вештини за водење на социјални претпријатија.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑