Вести

Објавено на февруари 18th, 2021 | од admin

0

Онлајн средба за иновации во областа на стручното образование

На 12.02.2021 година, се одржа онлајн средба помеѓу партнерите од проектот „Zooming Expression Unity Study – ZEUS”, Еразмус + КА2 Стратешко партнерство за иновации во областа на стручното образование.

На состанокот помеѓу партнерите се дискутираше за тековните активности во рамки на проектот. Беше договорено да се направи план за првата средба со физичко присуство. Поради моменталната ситуација во партнер земјите и забраните за движење кои ги имаат кај нив, се отвори можност првата средба да се реализира во Македонија во текот на месец мај, 2021 година.

Овој проект има за цел да ги поддржува професорите и обучувачите преку креирање на образовни методи, развивање на нов курикулум и организирање на обуки од областа на неуро-лингвистичкото програмирање.


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑