Вести

Објавено на октомври 16th, 2019 | од admin

0

Обучувачите на ЦЕФЕ Македонија беа дел од тимовите за реализација на обуки за самовработување

Во периодот април – јуни 2019 година, обучувачи од ЦЕФЕ Македонија (Јован Сталевски и Катерина Кимовска) беа дел од тимовите за реализација на обуки за самовработување во Битола, Прилеп, Демир Хисар, Неготино и Струга. На нивните обуки присуствуваа околу 100 лица кои имаа за цел:

  • Да се стекнат со претприемачки компетенции,
  • Својата бизнис идеја да ја претворат во конкретен концепт,
  • Да добијат вештини за бизнис планирање и аплицирање за грантова поддршка преку програмата за самовработување.

Дел од методите на работа се одржуваа по светски признатата методологија за креирање на претприемачи – ЦЕФЕ.

За реализација на нивните бизнис идеи следна фаза беше изработка на бизнис план, во кој што консултанти од ЦЕФЕ Македонија изработија 28 успешни бизнис планови.

 

Обуките за самовработување и претприемништво беа организирани и спроведувани од УНДП, Агенција за Вработување на Р. Македонија (АВРМ), Агенцијата за Поддршка на Претприемништвото на Р. Македонија (АППРМ), Министерството за Труд и Социјална Политика (МТСП) во период април/јули 2019 година на територија на цела држава.

Им посакуваме успех и нови вработувања на сите кандидати!


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑