Вести

Објавено на јули 7th, 2018 | од admin

0

Обуки за 150 нови претприемачи

Обучувачи од ЦЕФЕ Македонија (Јован Сталевски и Катерина Кимовска) се дел од тим за реализација на обуки во Пелагонискиот регион (Битола, Прилеп, Демир Хисар и Ресен) и обучија повеќе од 150 лица со претприемачки компетенции и како својата бизнис идеја да ја претворат во бизнис. Дел од методите на работа се одржуваа по светски признатата методологија за креирање на претприемачи – ЦЕФЕ.

За реализација на нивните бизнис идеи следна фаза е изработка на бизнис план, во кој што консултанти од ЦЕФЕ Македонија изработија 15 успешни бизнис планови.

Обуките за самовработување и претприемништво се организирани и спроведувани од УНДП, Агенција за Вработување на Р. Македонија (АВРМ), Агенцијата за Поддршка на Претприемништвото на Р. Македонија (АППРМ), Министерството за Труд и Социјална Политика (МТСП) во период мај/јули 2018 година на територија на цела држава.

 Им поаскуваме успех и нови вработувања на сите кандидати!


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑