Вести

Објавено на декември 16th, 2016 | од admin

0

Обука Руралопмент во с.Буково

Обучувачите на ЦЕФЕ Макеоднија, одржаа тродневна обука насловена како Руралопмент, во Битолското село Буково.

Обуката за бизнис вештини и претприемништво се одржа од 13ти до 15ти декември, а учесници беа членовите на Здружението на производители на буковска пипер.  Таа беше последната активност од проектот „Производство на буковска пипер и одржлив пораст“ на Слоу Фуд Битола, финансиран од Мировен Корпус  преку програмата SPA (Small Project Assistance).

На обуката трите дена присуствуваа учесници од сите семејства, производители на Буковска пипер од село Буково. Најголем акцент од обуката се стави на маркетинг стратегиите и финансиите, за подобар пласман и следење на нивното производство.

Целта на оваа обука беше да се зајакнат со претприемачки и бизнис вештини производителите, за веќе постоечкото органско производство да може да одговори на побарувачката и да стекне одржлив раст.

Слики од обуката може да погледнете на нашата Фејсбук страна.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑