Вести

Објавено на јануари 18th, 2019 | од Trajche Anastasov

0

Обука за CANVA Design

Едноставноста и можностите кои ги нуди CANVA Design платформата предизвикаа голем интерес кај бизнисите во Македонија, но и кај поединците кои сакаат да ги надоградат своите вештини. Поради можностите кои ги нуди дигиталниот маркетинг, се’ повеќе компании пројавуваат интерес за овој тип на промоција што предизвика цената на овие услуги нагло да пораснат во изминатите неколку години и да претставува луксуз за микро, малите и средни бизниси, особено за оние кои штотуку започнуваат со работа.

Бидејќи мисијата на ЦЕФЕ Македонија е да ги гради претприемачките и менаџерските компетенции на економските актери во општеството, т.е. да им помага на микро, малите и средни претпријатија и оние кои сакаат да започнат бизнис, ви нудиме решение кое што ќе ве позиционира во светот на визуелните комуникации – ефикасна обука за користење на CANVA Design платформата.

Што е CANVA Design? Тоа е онлајн платформа каде можете да го креирате дигиталниот идентитет на вашиот бизнис.

Зошто е потребна оваа обука? Сите ќе признаеме дека живееме во време на дигитализација, каде што квалитетот на дигиталниот маркетинг е еден од есенцијалните елементи, клучни за успехот и продажбата на сите организации и компании. Оние компании кои што ја имаат препознаено оваа потреба, денес остваруваат огромен напредок и профит, благодарение токму на дигиталната промоција и визуелниот идентитет.

Што ќе научите на оваа обука? Поради едноставните алатки и готови темплејти на CANVA Design платформата, ќе можете сами да создавате рамки за вашите промотивни фотографии на социјалните медиуми или пак да креирате постери, флаери или темплејти за вашите Power Point презентации или материјали за печатење.

За таа цел го ангажиравме обучувачот, Предраг М. Клекачкоски да ви ги пренесе техниките, советите и искуствата за како да извлечете максимум од Канва, како и основите на дизајнот и визуелниот идентите на една компанија. Со оваа работилница ќе ги поставите основите за креација на вашите идни промотивни материјали и ќе се здобиете со знаење кое понатаму ќе ви помогне при создавањето на квалитетни дизајни, а шансите вашиот бизнис да биде виден и препознаен од потенцијалните клиенти ќе бидат поголеми.

Работилницата ќе се одржи на 31.01.2019 во просториите на ЦЕФЕ Македонија,  Бул. „Партизански Одреди бр. 27/А/3 (Над Комерцијална Банка во Буњаковец), со времетраење, од 16:30 до 20:00 часот.

Вашата инвестиција во оваа вештина ќе изнесува само 700 денари.

Бидејќи местата се ограничени, Ве молиме резервирајте го вашето место навреме со регистрација на следниов линк.

Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија, изборот на учесници се прави по принципот, прв дојден, прв услужен. А за потврда на резервацијата за учество, ја земаме во предвид уплатата на нашата жиро сметка:

НЛБ Банка, АД Скопје

210-0637710601-47,

Цел на дознака: Обука CANVA Design.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑