Вести

Објавено на јули 22nd, 2017 | од admin

0

Обука за социјално претриемништво во Полска

This post is also available in: English

Уште една успешен проект за промоција на претприемништвото се одвива периодов со партнерите “Добри Развој” од Полска и уште 6 Европски земји. Во месец Јули 2017 година, тројца учесници од ЦЕФЕ Македонија учествуваа на меѓународен тренинг курс во Торин, Полска. Ова се впечатоците на Кристијан, Соња и Александра од 10 дневната обука:

“Во една прекрасна и динамична околина како Торун–родениот град на Никола Коперник, од 29ти Јуни до 9ти Јули 2017 година, имавме можност да искусиме еден доста забавен и високо едукативен тренинг како представници од невладината организација ЦЕФЕ Македонија  во соработка со Полската фондација “Dobry Rozvoj” која беше организатор на истата.

Овој тренинг беше од особен интерес за нас младите, пред се поради темата “ Социјално претприемништво” кое во нашата држава е оскудно и не постои адекватна основа да биде развиено , но сме особено среќни што токму во Полска сретнавме извонредни интелектуалци, предавачи и луѓе кои го задржаа нашиот фокус и успеаа да не поттикнат да размислуваме за подигнување на свеста за социјална инклузија во Република Македонија.

Тренинзите се одвиваа во четири модули секој ден и вклучуваа креативни работнилници, предавања од стручњаци, посета на социјални претпријатија, споделувања искуства со представници од другите земји и разработка на законските можности. Финалниот продукт  и крајната цел на тренингот беше креирање методи и алатки кои ќе ни помогнат да го имплементираме целото наше знаење во иднина во насока да подигнување на свеста за социјално претприемништво во нашата земја.”

Фотографии може да погледнете на http://bit.ly/TourinPolandTC


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑