Вести

Објавено на јули 2nd, 2017 | од admin

0

Обука за продажни вештини и техники

This post is also available in: English

Поради растечкиот притисок што го доживува секој продавач во денешната сложена економија, оваа предизвикувачка професија станува се поконкурентна. Но многу просперитетни продавачи ја немаат солидната основа и разбирање за корените на продажниот процес. Сигурно дека во еден ден нема да ви вбризгаме супермоќ но ќе ви дадеме структура, вештини и алатки кои ќе ги искусите, лесно ќе ги запомнете и ќе можете да ги употребувате во секоја можност за продажба.

Цел на обуката
Овој еднодневен, интензивен и практичен тренинг има за цел да ве наоружа со алатки и техники коишто се потребни за да го достигнете успехот во продажбата и да ги подобрите перформансите на вашето работење.

За кого е наменетa?

Оваа обука е за сите и нови и искусни продавачи кои сакаат да ги надоградат своите вештини за продажба и да го искористат своето време најефективно. Исто така охрабруваме да учествуваат и продажни тимови, со што ќе можат да се стават на иста фреквенција и да се подготват за висока реализација. Но и обучувачи и подучувачи за продажба се поканети да ги видат ЦЕФЕ алатките за продажба во акција.
Поконкретно: Доколку сте продавачи, сопственици, менаџери на компании и потенцијални лица кои се вклучуваат во процесите на продажбата … оваа обука е за вас.

Што ќе научите?
• Идентификување на однесувањето и вештините на успешните продавачи
• Опис на различните типови на продажни модели
• Да ги идентификувате и применувате елементите на продажната рамка (АИДА)
• Разбирање на потребите на потенцијалните купувачи и како да водите продажен разговор
• Избирање на техники за затворање на продажбата
• Совети за комплетирање и достигнување на продажните цели
• Како да развиете акциски план за употреба на вештините на продажба
• Стратегии за одржување добра комуникација со вашите клиенти

Кои вештини ќе ги усовршуваме?
1. Наоѓање на потенцијални клиенти; 2. Продажна презентација; 3. Преговарање при продажба; 4. Затварање на продажба; 5. Проследување и одржување контакти; 6. Подготовка за старт на продажен тим.

Дали ќе биде применливо за мојот сектор?
Убавината на ЦЕФЕ обуките е во нивната флексибилност и можноста да ги користите стекнатите вештини во секој дел од живеењето. Структурата на обуката е таква што ќе ве наоружа со вештини за продавање кои може да ги користите и практикувате во продажба на услуги, производи и очекувања. Обуката ќе биде фокусирана на препознавање и задоволување на потребите на купците, и на начинот на кој што тие сакаат да им биде продавано и начинот на кој што тие сакаат да купуваат.

Кога и каде?
Обуката ќе се реализира во просториите на ЦЕФЕ Македонија, на ул. Партизанска 27а, во Скопје (веднаш до Т.Ц. Буњаковец, над Комерцијална Банка).
Четврток, 13 јули 2017 година, од 09:30 до 17:30 часот

Обучувач и методологија:
Зоран Витанов – ЦЕФЕ обучувач и консултант со долгогодишно искуство во земјата и странство. Сопственик на 1% од најголемата куповна задница во светот. Сосоственик на Трејд Консалтинг. Лидер и претприемач кој што поттикнува иновативно и креативно размислување.
Обуката ќе се одржува по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што повеќе од 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците „во чевлите“ на продавачите.

ВАЖНО: Местата се ограничени на 20 учесници.

Што добивам дополнително?
– Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите.
– Материјали во електронска и печатена форма;
– Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;
– 50% Попуст за дополнителни консултации при изработката на лични стратегии за зголемување на продажба;
– Освежување, кафе и закуска за време на обуката;

Што треба да инвестирам за себе?
Покрај време и посветеност, се очекува од учесниците да инвестираат и финансиски средства.
Благодарение на непрофитната дејност на ЦЕФЕ Македонија, оваа обука ќе ви биде овозможена со инвестиција од само 3.200 денари*

Промотивни услови:
1. За рано пријавување и уплата до 04 Јули, следува 20% попуст (или 2.560 денари).
2. За групно пријавување, следува попуст од 15% (или вкупно 2.720 денари) за вториот учесник и 30% (или вкупна цена од 2.240 денари) за третиот.
3. За невработени лица и студенти, попустот изнесува 20%, (или 2.560 денари) а истиот се одобрува со приложена потврда од Агенција за Вработување на РМ или индекс.

Како да се пријавам?
Пријавете се со пополнување на електронската пријава со целна дознака „Обука за продажба“ до 12 јули 2017 година. Потврдата на учеството се обезбедува со уплатената сума на сметка на организаторот.

Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: 078 201 854 или info@cefe.mk

Само инвестицијата во себе е сигурен капитал,

Ве очекуваме да соработуваме.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑