Вести

Објавено на јануари 20th, 2021 | од admin

0

Обука за обучувачи: Global Exchange and Training for Youth Employment Services (рокот за пријавување е продолжен до 30.04.2021)

Во рамките на проектот “Global Exchange and Training for Youth Employment Services 2 ” ко-финансиран од Програмата Еразмус + на Европската унија, имаме отворен повик за обука за обучувачи за претприемништво која што ќе се одржи на почетокот на месец август, 2021 година во Плводив, Бугарија.

Обуката има за цел да креира компетентни лидери и обучувачи кои ќе бидат лиценцирани обучувачи за претприемништво што ќе користат искуствена обука за претприемништво базирана на ЦЕФЕ методологијата.

Обуката е наменета за сите оние кои се сериозни во своите цели и кариера. Младински работници, обучувачи, младински лидери, раководители на проекти, претприемачи и вработени во агенции за поддршка на претприемништво од: Македонија, Венецуела, Турција, Филипини, Бугарија и Уганда.

Крајниот рок за аплицирање е до 30.04.2021 година.

Обуката ќе биде интернационална и поради тоа ќе биде на англиски јазик.

За повеќе информации и пријавување на самата обука, прочитајте повеќе на следниот ЛИНК.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑