Вести

Објавено на април 2nd, 2019 | од Trajche Anastasov

0

Обука за обучувачи во ЦЕФЕ Македонија

Живееме во ера каде неформалното образование зема се поголем замав, па професионалците не се воздржуваат и несебично го споделуваат своето знаење и искуство. Како и секоја друга професија, така и обучувањето бара одредена структура и континуитет во работата за да обучувачите прераснат во професионалци кои своето знаење го пренесуваат беспрекорно. Бидејќи обуките се важен дел од развојот на човечкиот капитал, за да бидат успешни обучувачите мора да бидат подготвени да ги применуваат техниките на обучување согласно барањата на целната група.

Секој обучувач мора да го има техничкото знаење за да може со помош на методите и техниките за обучување да го пренесе своето знаење и искуство на учесниците, мора да ги знае меѓучовечките односи, за да во текот на обуката биде запознаен и со групните процеси.

Оваа обука е дизајнирана да ве запознае со начините на работа со возрасни. Секој тематски дел е комбиниран со вежби и техники кои вие понатаму ќе можете да ги моделирате и прилагодувате во однос на вашите потреби.

Целта на оваа обука е да ве обучиме вас, учесниците, за методологија на испорачување на обука (структура на обука, енерџајзери, јавно говорење, употреба на практични вежби, држење на вниманието на учесниците и сл.)

Предвидените цели ќе се постигнат преку предложените модули:

  • Важност на обуките
  • Како учиме
  • Обука на возрасни
  • Успешни обучувачи
  • Значење на комуникацијата
  • Методите и техниките за обучување
  • Искуствено учење
  • Меѓучовечки односи
  • Групните процеси и управувањето со нив

Обуката ќе биде спроведена од Јован Сталевски, обучувач со домашно и интернационално искуство. Јован е интернационално сертифициран, сениор – обучувач, од страна на ЦЕФЕ Интернационал. Поседува над 10 години искуство во обуки за претприемништво, кариерен развој, проектен менаџмент и обуки за обучувачи по светски признатата ЦЕФЕ Методологија. Во портфолиото на учесници се вбројуваат вработени во корпорации, државни институции, фондации, универзитети се до претприемачи, млади и едукатори од целиот свет. Кога станува збор за обуки и коучинг за обучувачи, неговата биографија освен бројни тренинзи во Македонија, вклучува и обуки за обучувачи во Турција, Хрватска, Холандија, Јамајка и Филипини.

Методите кои што ќе бидат применети при обуката се: структурирани вежби за искуствено учење, симулации, играње на улоги, студии на случаи, минимални предавања, групна работа, коучинг и работа на терен.

По завршувањето на обуката, учесниците ќе добијат соодветен пакет со материјали кои се потребни за нивниот професионален развој:

  • Прирачник за обука на обучувачи на 80 страници;
  • Примери за: креирање на ППТ презентации, дизајн на курикулум, дизајн на агенди, буџети за обука, евалуација на обука, информативни листи за учесници и др;
  • Сет со вежби за енергизирање и креативно поттикнување на учесниците;
  • Истите може да ги прилагодуваат и применуваат потоа во тековното работење;
  • Сертификат за успешно завршена обука за обучувач.

Обуката ќе биде одржана на 18ти,19ти и 24ти Мај 2019, во просториите на ЦЕФЕ Македонија,  Бул. „Партизански Одреди бр. 27/А/3 (Над Комерцијална Банка во Буњаковец).

Вашата инвестиција за оваа обука ќе изнесува 12. 000 денари.

Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија, изборот на учесници се прави по принципот, прв дојден, прв услужен, а уплатата ќе може да се изврши на две рати.

Бидејќи местата се ограничени, Ве молиме резервирајте го вашето место навреме со регистрација на следниов линк.

За повеќе информации, обратете се на нашиот контакт телефон: 078/201-854 ; 070/338-355 или на е-меил: info@cefe.mk

 


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑