Вести

Објавено на јануари 24th, 2019 | од Trajche Anastasov

0

ОБУКА ЗА ЛИЧНО БРЕНДИРАЊЕ

Според истражувањата направени во САД во 2018 година, само 33% од купувачите им веруваат на  рекламите, додека дури 90% им веруваат на  личностите кои директно или индиректно ги познаваат, при донесување на одлука за купување. Тоа значи дека доколку сте сопственици на бизнис или фриленсер, вашите шанси да ја добиете довербата на купувачите се многу поголеми доколку вашиот бизнис го поистоветуваат со вас како личност.

Со развојот на социјалните медиуми и се’ поголемото индивидуализирање на нашето општество, личниот бренд е единствената и најважна бизнис алатка со која би можеле да отскокнувате од останатите.  Тоа е повеќе од заштитен знак или атрактивно лого – тоа е начинот на кој вие се претставувате при онлајн или непосреден контакт со вашите постоечки и потенцијални клиенти.

За таа цел, правиме обука со Ангела Христовска, креативец кој го градеше брендот на Божиновски Watches & Jewelry, а воедно и креативен директор на My Creative Team, да ви го пренесе своето долгогодишно, практично искуство и да ве запознае со процесот и алатките потребни за креирање на личен бренд. 

На оваа обука ќе научите:

  • Како да го поставите вашиот Game Plan за креирање на силен Личен бренд кој што е уникатен и ја елиминира конкуренцијата. Бренд којшто ќе допре до вистинската публика, ќе овозможи интеракција со неа и ќе роди доверба  кај публиката за да ја поттикне на купување.

  • Креирање на Instagram GAME план и запознавање со Инстаграм алатки за поуспешно и полесно градење и одржување на силен Личен бренд.

  • Алатки и вештини за јакнење на брендот на фирми и организации.

Кои се добивките од градење на личен бренд:

  • Мудро креирање на патеката за професионална кариера;
  • Запознавање и привлекување на луѓе со исти и слични вредности;
  • Зајакнување на самодовербата преку увид во позитивните квалитети што може да ги понудите на светот;
  • Градење на кредибилитет не само преку зборови туку и преку правилно комуницирање на тоа што сте сработиле;
  • Видливост и надоградба на вашата експертиза и специјализација;
  • Луѓето да ве помнат по вашата експертиза, акции и позитивните емоции што сте им ги предизвикале;
  • Привлекување и таргетирање на правилната публика за вас;
  • Доверба од клиентите за она што го работите;
  • Први да им паѓате на памет на клиентите и работодавците при потреба за соработка;
  • Привлекување на точната потребна поддршка;
  • Да бидете свои!

Обуката ќе биде одржана на 16.02.2019 во просториите на ЦЕФЕ Македонија,  Бул. „Партизански Одреди бр. 27/А/3 (Над Комерцијална Банка во Буњаковец). Времетраење, од 10:00 до 16:00 часот.

Вашата инвестиција во оваа вештина ќе изнесува само 1600 денари.

Бидејќи местата се ограничени, Ве молиме резервирајте го вашето место навреме со регистрација на следниов линк.

Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија, изборот на учесници се прави по принципот, прв дојден, прв услужен. А за потврда на резервацијата за учество, ја земаме во предвид уплатата на нашата жиро сметка:

НЛБ Банка, АД Скопје

210-0637710601-47,

Цел на дознака: Обука Личен Брендинг.


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑