Вести

Објавено на ноември 9th, 2018 | од Trajche Anastasov

0

Обука за користење на Canva дизајн алатката

Во рамки на Глобалната Недела на Претприемништво, ЦЕФЕ Македонија организира сателит работилница – обука за користење на Канва дизајн алатката од страна на малите и микро бизниси.

Ве повикуваме да бидете дел од оваа обука и да го заокружите успехот на Вашиот нов бизнис со реклами кои можете самите да ги направите и да научите како да го рекламирате Вашиот продукт или услуга со дизајн во Ваша креација.

Со учество на оваа работилница добивате:

  1. Бесплатна обука за работа на алатка за дизајн на содржина за социјални медиуми.
  2. Вовед во online presence strategy
  3. Основни знаења за дизајнирање на постер.
  4. Како сами да креирате промотивни материјали (флаери, постери, покани итн.)

Работилницата ќе се одржи на 15.11.2018 година, од 16:00 до 20:00 часот во просториите на ЦЕФЕ Македонија со адреса „Партизански Одреди бр. 27/А/3“.

За учество на обуката ве молиме регистрирајте се на https://goo.gl/forms/UNF9Mo5pDqaN9xGp2 ,

Местата се ограничени, пријавете се што поскоро.


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑