Вести

Објавено на декември 5th, 2018 | од Trajche Anastasov

0

Обука за Канва Дизајн алатката

Сите ќе признаеме дека живееме во време на дигитализација, каде што квалитетот на дигиталниот маркетинг е еден од есенцијалните елементи, клучни за успехот и продажбата на сите организации и компании. Оние компании кои што ја имаат препознато оваа потреба, денес остваруваат огромен напредок и профит, благодарение токму на дигиталната промоција и визуелниот идентитет.

Препознавањето на можноста која ја нуди дигиталниот маркетинг од се повеќе компании, предизвика цената на овие услуги нагло да пораснат во изминатите неколку години и да претставува луксуз за микро, малите и средни бизниси, особено за оние кои штотуку започнуваат со работа.

Бидејќи мисијата на ЦЕФЕ Македонија е да ги гради претприемачките и менаџерските компетенции на економските актери во општеството, т.е. да им помага на микро, малите и средни претпријатија и оние кои сакаат да започнат бизнис, ви нудиме решение кое што ќе ве позиционира во светот на визуелните комуникации – ефикасна обука за користење на CANVA Design алатката.

Што е CANVA Design? Тоа е онлајн платформа каде можете да го креирате дигиталниот идентитет на вашиот бизнис.

Што значи тоа? Користејќи едноставни алатки или готови темплејти, лесно ќе можете да создадете рамки за вашите промотивни фотографии на социјалните медиуми, или пак да креирате постери, флаери или темплејти за вашите Power Point презентации или материјали за печатење.

За таа цел го ангажиравме обучувачот, Предраг М. Клекачкоски да ви ги пренесе техниките, советите и искуствата за како да извлечете максимум од Канва, како и основите на дизајнот и визуелниот идентите на една компанија. Со оваа работилница ќе ги поставите темелите, основите за креација на вашите идни промотивни матријали и ќе се здобиете со знаење кое понатаму ќе ви помогне при создавањето на квалитетни дизајни. Се со цел, шансите вашиот бизнис да биде виден и препознаен од потенцијалните клиенти да бидат максимални.

Работилницата ќе биде одржана на 10.12.2018 во просториите на ЦЕФЕ Македонија,  Бул. „Партизански Одреди бр. 27/А/3 (Над Комерцијална Банка во Буњаковец). Времетраење, од 16:30 до 20:00 часот.

Вашата инвестиција во оваа вештина ќе изнесува само 700 денари.

Бидејќи местата се ограничени, Ве молиме резервирајте го вашето место навреме со регистрација на следниов линк: https://goo.gl/forms/RnAVclgRL7GwDF9v1

Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија, изборот на учесници се прави по принципот, прв дојден, прв услужен. А за потврда на резервацијата за учество, ја земаме во предвид уплатата на нашата жиро сметка:

НЛБ Банка, АД Скопје

210-0637710601-47,

Цел на дознака: Обука CANVA Design.

 


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑