Ресурси

Објавено на јануари 27th, 2016 | од admin

0

Обука за Иновативни и неконвенционални модели на финансирање на МСП – видеа и материјали

„Иновацијата не е за да се најде што недостига на пазарот па да се воведе. Иновацијата е за креирање на пазар што дотогаш не постоел.

Добрите претприемачи наоѓаат работи кои не се потребни. Работи за кои луѓето сеуште не знаат дека имаат потреба. Работи, за кои што треба да ги убедат луѓето дека им се потребни.

Можете ли да се замислите себеси без лап-топ, телефон, кола, дури без електрична енергија? Ни една од овие работи не беше потребна во моментот на изнаоѓањето, но можеби светот ќе беше многу полошо место за живеење без нив“.

Со овие зборови г-дин Сем Вакнин го маркираше својот говор на обуката за „Иновативни и несекојдневни модели за финансирање на мали и средни претпријатија (МСП).

Обуката се одржа на 14.11.2015 година во просториите на Стопанска Комора во Скопје. Идејата за истата произлезе од барањата на нашите клиенти и соработници, како една од последователните активности на проектот „Инвестирај – зошто да одите во странство кога можете да останете и да ја развиете вашата земја“.

Г-дин Сем Вакнин, презентира голем број на иновативни модели на финансирање а со тоа ни го отвори  видикот кон хоризонтот кој дотогаш малкумина знаеа дека постои, а уште помалку го гледаа. Листата на сите презентирани форми можете да ја погледнете на следниот линк: http://samvak.tripod.com/nm01.html

Покрај г-дин Сем Вакнин, обуката ја отвори г-дин Зоран Витанов кој зборуваше за важноста од претприемништвото и креирањето претприемачи во Р.Македонија и за значајната работа на ЦЕФЕ Македонија на ова поле уште од 2008 година.

Г-дин Јанко Тренкоски од КБ прво пензиско друштво, преку своето професионално искуство и личната кариера на еден интересен начин ни го долови значењето на овие форми на финансирање, особено значењето во почетните години на бизнисите.

Г-ѓа Катарина Кречева од Фондот за иновации и технолошки развој, во една детална презентација ни ги претстави производите на овој фонд за поддршка на иновативни бизниси во Р.Мкедонија.

Видеото од говорот на Сем Вакнин и останатите говорници може да ги најдете на следниот јутуб плејлист:

Голема благодарност до сите говорници за нивниот удел во оваа обука

Се извинуваме за техничките проблеми и прекините во снимениот говор на г-дин Сем Вакнин.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑