Вести

Објавено на јули 16th, 2017 | од admin

0

Нови претприемачки и лидерки за Македонија

This post is also available in: English

ЦЕФЕ Македонија и нашите обучувачи беа ангажирани да реализираат обуки за (само)вработување и тимска работа и лидерство за потребите на проектот Самовработување на самохрани мајки. Овој проект е имплементиран и организиарн од Институт за менаџмент поддршка, Бизнис Конфедерација на Македонија – Business Confederation of Macedonia и Асоцијација на бизнис жени на Македонија.

Обуките за самовработување се одржуваа во Скопје (3-5 јули 2017), Штип (7-8 јули 2017) и Битола (14-15 јули 2017). Учесничките разработија своја бизнис идеја во форма на бизнис план како и ги подобрија своите вештини за пишување на биографии и пропратни писма. Фотографиите од обуките погледнете ги тука.

Обуките за лидерство и тимска работа се одржуваа во Скопје (5-7 јуни 2017), Штип (09-10 јуни 2017) и Битола (16-17 јуни 2017). Учесничките добија вештини за водење на тим, препознавање и употреба на соодветен лидерски стил, вештини за комуникација, решавање на проблеми, водење состаноци и градење на тим. Најинтересните моменти од обуките за лидерство и тимска работа се тука.

Проект: The Single mother – SelfEmployment programme Поддржан од: European Union – EU

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑