Нова соработка за јакнење на младите во Македонија

На 02.02.2021 година, ЦЕФЕ Македонија потпиша меморандум за соработка со Здружението за слепи лица и лица со оштетен вид на град Скопје. Преку оваа соработка се отвараат нови можности за спроведување на заеднички акции и иницијативи, разменување на знаења, заедничка соработка на проекти и заедничко лобирање на одредени проблематики.

Овој меморандум се потпишува во рамките на проектот GET YES 2 и има за цел да ги вклучи лицата со оштетен вид во активностите од проектот како што се истражување на потребите за обука, локални работилници за деловни вештини, менторски сесии за млади итн. 

Заедно со експертите од Здружението на слепи лица ќе овозможиме прилагодување на ЦЕФЕ вежбите за лица со оштетен вид и промовирање на меѓусебни активности на нивните членови и целни групи.