„Не можете да дадете нешто ако не знаете што сакаат другите“

Ова е мотото на проектот GET YES 2 во рамките на истражувањето што се одвива во 6 земји низ светот: Македонија, Венецуела, Бугарија, Уганда, Турција и Филипини.

Повеќе од 20 истражувачи, овој февруари 2021 година, ги испитуваат потребите и вештините на младите за водење и отворање на бизниси. Исто така, истражувачите ги прашуваат организациите што ги поддржуваат младите претприемачи какви капацитети сакаат повеќе да развиваат за да дадат подобри услуги за подигнување на вработувањето кај младите.

За поставување на теренот, на 8 февруари 2021 година, конзорциумот организираше подготвителен состанок со сите истражувачи и ментори за да ги сподели очекувањата и целите од ова извонредно истражување.

Двочасовниот состанок резултираше со следниве теми:

  • Истражувачите се среќаваат едни со други и со партнерските организации
  • Краток преглед на проектот и добивање на големата слика за тоа како нивната задача се вклопува во рамките на проектот
  • Очекувања и стравови помеѓу истражувачите и координаторите
  • Да ги разбереме целта, процесот и задачите за истражувањето
  • Заедничко разгледување на предвидените прашалници и разјаснување на нивната содржина
  • Разгледување на очекуваниот извештај и резултатите
  • Разјаснување на прашањата и одговорите од учесниците на состанокот

Ако сте организација што ги поддржува следните генерации на млади и е подготвена да придонесе за истражувањето, пополнете го прашалникот тука.

И, ако сте млада личност помеѓу 15 и 35 години и чувствувате дека можете да промените нешто со вашите одговори, кажете ни што ви треба за да бидете глобален претприемач преку пополнување на прашаникот тука.