„Национален семинар за учење на возрасни преку искуствени методи и размена на алатки“
На 20ти и 21ви декември 2019 година, во Битола се реализираа два еднодневни настани насловени како: „Национален семинар за учење на возрасни преку искуствени методи и размена на алатки“ од страна на ЦЕФЕ Македонија, во рамките на проектот „Искуствено учење за возрасни“ наменет за развивање на вештините на мигрантите и лицата со помалку можности и укажување на помош при нивна социјална интеграција, како и нивна едукација за решавање на конфликти преку подобрување на условите за живот, поддржан од страна на Турската Агенција за мобилност и едукација , а координиран од страна на Турската организација „GAZIANTEP EGITIM VE GENCLIK DERNEG “во партнерство со организациите „ЦЕФЕ Македонија“, „EURO-NET“- Италија, „ASSOCIATION FOR EDUCATION AND DEVELOPMENT OF DISABLED PEOPLE“ – Грција, и „BALKANSKA AGENCIYA ZA USTOYCHIVO RAZVITIE“ од Бугарија.
Првиот настан се одвиваше на 20ти декември во просториите на Факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии, каде учесници беа претставници од образовните институции, додека на вториот настан кој се одржа на 21ви декември во конференциската сала на х.Милениум, учествуваа едукатори од граѓанскиот сектор, како и претставници на бизнис секторот.
Целта на настаните беше споделување на корисните методи и алатки со учесниците преку панел дискусија и промоција, односно, запознавање на учесниците со прирачникот за едукатори чија содржина е составена од конкретни методологии за искуствено учење, а кој произлезе како финален аутпут од целиот проект под менторство на партнерите во проектот.
Прирачникот може да го погледнете на следниот линк:
https://issuu.com/cefemacedonia/docs/manual-for-adult-educators_interactive_