Вести

Објавено на септември 27th, 2017 | од admin

0

Македонските семејни бизниси имаат потреба од стратегија и вештини за раст и развој

Претставниците на семејните бизниси во Македонија имаат потреба од совладување на алатки и механизми за разбирање и менаџирање на клучни прашања поврзани со семејниот бизнис, познавања и вештини за креирање и имплементација на реално остварлива стратегија за раст на семејниот бизнис, како и алатки и механизни за носење на одлуки со компромис.

Ова се клучните сознанија од теренското и деск истражување  кое во периодот мај-јули 2017 година го спроведоа Националниот младински совет на Македонија  и ЦЕФЕ Македонија.

Резултатите од истражувањето беа промовирани на 26 септември 2017, во просториите на ГЕМ Клуб во Скопје.

“Најмногу од испитаниците или 85% се од втора генерација на наследници и најголемиот дел од нив изјавија дека им требаат вештини за деловна стратегија, ефективна комуникација и донесување на одлуки со консензус во врска со клучни прашања за семејниот бизнис. Истражувањето потврди дека околу 74% од бизнисите се мали и средни претпријатија а околу 3% се повеќе од 100 вработени. што ни кажува дека семејните бизниси најповеќе се од микро и мала големина” изјави Наташа Чавдаровска / дел од истражувачкиот тим.

Покрај дискусијата од оваа средба произлезе и потребата за дефинирање на семејните бизниси во македонските закони, основање на тело кое што ќе работи на поддршка на семејните бизниси како и програми кои што ќе ги стимулираат семејните бизниси да се развиваат.

Овој извештај е во рамки на меѓународниот проект ФАБУС кој е партнерство од девет организации од Грција, Португалија, Италија, Бугарија и Кипар. Во нашата држава го спроведуваат Национален младински совет на Македонија и ЦЕФЕ Македонија. Истражувањето е производ од првата фаза на проектот која подразбираше детектирање на наследници на семејните бизниси и истражување за нивните потреби при наследување на семејниот бизнис.

Истражувачите опфатија семејни бизниси од осумте плански региони во земјава. Тие користеа прашалник кој што се користеше во сите земји партнери, а вршеа и теренски посети на бизисите, спроведоа телефонска и електронска комуникација со цел да се соберат информациите за потребите на проектот.

На промоцијата беа присутни лица кои учествувале во самото истражување и други кои се дел од оваа категорија на бизниси и сакаа да се информираат за вклучување во натамошните активности од проектот. Покрај извештајот, беа промовирани и услугите кои што се креираат на база на истражувањето, како што се он-лајн платформа за учење, иновативни обуки наменети за претставниците од семејните бизниси за јакнење на вештини при преземањето на бизнисот од претходната генерација и негово развивање, стратегии за вмрежување и поврзување со цел проширување на пазарите.

Share on Facebook2Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑