Вести

Објавено на јули 16th, 2017 | од admin

0

Креиравме 8 нови бизниси во соработка со АППРМ, АВРМ, МТСП и УНДП

This post is also available in: English

Консултанти од ЦЕФЕ Македонија во првата половина на 2017 година креираа 8 бизнис планови за нови претприемачи од Пелагониски Регион. Осумте бизниси ќе донесат нови 10 вработувања во регионот. Секторите во кои што работат се: угостителство – кафе бар, трговија – бутик за жени, стоматологија, трговија со алати, фризерски салон, бутик за трендовска облека, откуп и преработка на печурки и градежнички услуги.

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Македонија ги ангажира нашите консултанти да го изработат нивниот бизнис план за кој што претприемачите апликанти добија грант во износ од 4.000 евра.
Агенцијата за Вработување на Македонија заедно со УНДП ги ангажираа нашите обучувачи да реализираат обуки за самовработување во Скопје, Струга, Битола и Прилеп на кои учествуваа повеќе од 150 потенцијални претприемачи. Додека пак Министерството за Труд и Социјална Политика ги обезбедија потребните средства за финансирање на програмата за самовработување која функционира веќе една деценија и преку која се имаат отворено преку 7000 нови бизниси во цела Македонија.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑