Објавено на март 30th, 2018 | од admin
0Консултативна средба на ЦЕФЕ Македонија
На 29.03.2018 во рамки на проектот „Претприемачко учење за млади“, во просториите на ЦЕФЕ Македонија се одржа консултативна средба чија примарна цел беше споделување на искуствени знаења на 7-те експерти со учесниците на оваа работилница.
Воедно, ова беше и одлична можност за вмрежување на учесниците и експертите, со што ќе се овозможи понатамошна комуникација и советување при креирањето, развојот и имплементацијата на нивните бизнис идеи.
Гости експерти на оваа работилница беа:
-Зоран Витанов (претприемач и креатор на лидери)
-Снежана Мојсовска Саламовска (маркетинг специјалист и професор на Економски Факултет Прилеп)
-Влатко Данилов (претприемач и финансиски експерт)
-Јасмина Антич-Атанасовски (претприемач)
-Маја Ристова (адвокат и претседател на Асоцијација на менаџери на Македонија)
-Дејан Алчев (пристап до финансии, претставник од НЛБ Банка).
-Јане Пандиловски (Менаџер на човечки ресурси во Хотел Мериот)
Во позитивна и енергизирана атмосфера, 23-цата учесници на оваа работилница имаа прилика да ги прашаат експертите за информации, совети и упатства кои би им помогнале во креирањето на цврста основа за нивните бизниси и при понатамошниот развој на истите. Беа посочени можностите и погодностите кои би можеле да се искористат при започнувањето на бизнис, но исто и потенцијалните пречки и како истите да се надминат доколку се појават. Но, најмногу време експертите одвоија за охрабрување и мотивирање на младите претприемачи да превземат ризик и да се впуштат во претприемачите води, да соберат храброст и што поскоро да започнат со реализација на сопствените идеи.
Исто така, на оваа работилница беше најавен и испромовиран и наредниот аутпут од овој проект, IT-решенија за изработка на бизнис планови.
По завршувањето на оваа средба, учесниците беа задоволни затоа што се здобија со нови искуствени информации кои се од големо значење при водење на бизнис, но многу поважно од тоа беше што добија поддршка за реализација на своите бизнис идеи од овие експерти.