Кои се “купувачите” на вашите проектни предлози? – Евалуаторите!
Во петок, 26.06.2020 од 19.00 до 20.30 ч, ЦЕФЕ Македонија организира ЗООМ сесија со двајца евалуатори на Еразмус+ проекти: Александра Глигорович од Црна Гора и Волкан Мудерисоглу од Турција.
Секој од избраните евалуатори има преку 15 години придонес во граѓанскиот сектор. Со искуство како проектни менаџери, евалуатори на проекти, едукатори, младински работници и лидери!
Целта на сесијата е јакнење на ЦЕФЕ центрите во Македонија со информативни совети, што треба, а што не треба да се пишува во проектните предлози за да бидат грантирани.
Гостите говорници, на почеток ќе имаат мала презентација од 20 минути и после тоа околу 30 – 40 минути прашања и одговори достапни за вас.
За да се пријавите на сесијата ве молиме пополнете ја електронската форма, најдоцна до петок до 12 часот.
Прашања и коментари достапни на info@cefe.mk
Сесијата се организира во рамки на проектот “Креирање на претприемачки центри во Источна Македонија”, поддржан од Амбасадата на САД во Скопје, Македонија.