Вести

Објавено на ноември 25th, 2017 | од admin

0

Кариерно водење и советување во Црна Гора и регионот

„Кариерно водење и советување во Црна Гора и регионот“ беше темата на конференцијата која се одржа на ден 22.11.2017 во Подгорица, Црна Гора во организација на АДП ЗИД и Министерството за спорт на република Црна Гора.

На конференцијата се презентираше Стратегијата за млади, како и Стратегијата за кариерно советување и водење која е во фаза на имплементација во Црна Гора. Беше даден осврт на проектот кој ќе го спроведува АДП ЗИД во соработка со сите општествени чинители поврзани со темата на кариерно советување на младите лица.

Кариерното советување е исклучително важно за правилно професионално насочување на младите лица на возраст од 15 до 27 години, но и нивните родители како дел од животот на младите кои имаат најголемо влијание при изборот на нивната кариера.

Во вториот дел од конференцијата, во панел дискусијата свое учество земаа Александра Џуровиќ од БОШ, Србија и претставнничката на ЦЕФЕ Македонија – Јасмина Антиќ Атанасовски. Тие ги презентираа искуствата од овие две земји од областа на кариерното советување на младите, што се е до сега сработено на оваа тема, а посебен акцент беше ставен на практичното спроведување на активностите во средните државни училишта и Центрите за вработување во Македонија.

Заклучокот на конференцијата беше дека сите носители на одлуки во општесвото, како и невладиниот сектор кој работи со проекти поврзани со млади треба заеднички да се борат за побрзо и поадекватно вработување на младите лица од регионот, по завршувањето на образованието да имаат веќе стекнато практично искуство во работењето со што ќе бидат покомпетентни на пазарот на трудот. На овој начин ќе се придонесе и во намалувањето на бројот на млади лица кои ги напуштаат своите земји заминувајќи во странство во потрага по подобро платена работа.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑