Вести

Објавено на јуни 22nd, 2018 | од admin

0

Како успешно да се наследи семеен бизнис?

Во периодот мај – јули 2018, тимот на ЦЕФЕ Македонија и Националниот Младински Сојуз на Македонија организираа три работилници за околу 40 наследници на семејни бизниси од Македонија.

Целта на обуките беше да се оспособат и информираат младите наследници:

  • Како да се изведе процесот на предавање на бизнисот?
  • Кога е правото време за предавање на бизнисот на следната генерација?
  • Дали наследникот треба да остане во фирмата или да замине да работи за друга компанија за да се стекне со дополнително искуство?
  • Дали фирмата треба да се постави член од семејството како извршен директор или да се назначи надворешен управник а семејството и понатаму да управува со фирмата?
  • Кои се предностите и недостатоците на семејните бизниси?

Обуките се одржуваа во Стопанска Комора на Македонија, Скопје. Главен обучувач беше Зоран Витанов, а соработници обучувачи беа: Цанка Велкова и Виктор Атанасов.

Впечатоците и препораките на учесниците се дека се среќни што увидоа дека и останатите наследници имаат слични предизвици и дилеми околу семејните бизниси, се вмрежија и остварија контакти за соработка, разменаа различни искуства во справувањето со определени проблеми, се здобија со материјали и алатки за онлајн учење и поврзување со други учесници од земји од јужна Европа.

Обуките се дел од проектот ФАБУСС (Успешно Наследување на Фамилијарни Бизниси), кои се спроведува во периодот 2017 – 2019 година во Италија, Грција, Бугарија, Кипар, Португалија и Македонија. Координатор на проектот е Атинската Стопанска и Индустриска Комора. Проектот е кофинасиран од Еразмус + програмата на Европската Комисија.

Ги покануваме сите заинтересирани да се пркиклучат на проектот со испраќање на емаил на info@cefe.mk


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑