Како методологијата на ЦЕФЕ влијае врз бизнисот и вработеноста ширум светот?
ЦЕФЕ методологијата е создадена со цел да ги развива и подобрува бизнис компетенциите, менаџерските и личните компетенции кај различни видови целни групи (претприемачи, менаџери, едукатори, студенти, невработени … се до бегалци, земјоделци, затвореници, лица во незавидна позиција и други). Главно придонесува кон економски развој преку поттикнување на зголемување на приходи и нови вработувања.
Уште од своето создавање, ЦЕФЕ методологијата покажа дека има големо влијание врз бизнисот, генерирањето на вработеноста и во задоволувањето на животните потреби на луѓето ширум светот.
Интересни факти:
- Во 1994 година, Федералното Министерство за економска соработка и развој (BMZ) ја разви првата глобална проценка за методата на ЦЕФЕ и утврдено е дека, во просек, се создадени 4,5 работни места по учесник после обуката на ЦЕФЕ.
- Во 2003 година, членовите на ЦЕФЕ мрежата во Виетнам спроведоа студија за влијанието на методологијата. Податоците покажуваат дека, во просек, 20 работни места по стартап биле создадени по обуката на ЦЕФЕ.
- Во 2012 година, мастер обучувачи од Руанда сфатиле дека по обуката на ЦЕФЕ, 1043 луѓе решиле да започнат со стартап, генерирајќи 931 дополнителни работни места.
Во 2019 година, со поддршка на својата мрежа низ целиот свет, ЦЕФЕ Интернационал спореведе глобално истражување за влијанието на ЦЕФЕ методологијата ширум светот. Ова истражување се заснова на 459 испитаници од 15 држави кои сите присуствувале на обука на ЦЕФЕ, во просек пред 2 години.
Резултатите од студијата покажуваат дека ЦЕФЕ е ефикасен метод за промовирање на самовработување, стартапи, создавање работни места, деловни активности и раст на приходите.
Клучни факти од студијата на ЦЕФЕ Интернационал за импактот на ЦЕФЕ методологијата:
- ЦЕФЕ придонесе за намалување на стапката на невработеност од 40,5% пред обуката на ЦЕФЕ на 8,7% по обуката на ЦЕФЕ. Покрај тоа, ЦЕФЕ исто така придонесе за создавање дополнителни работни места.
- Програмите за обука на ЦЕФЕ го поттикнаа создавањето на бизнисите. 44,9% од учесниците на ЦЕФЕ обука започнале сопствен бизнис по обуката на ЦЕФЕ.
- ЦЕФЕ има влијание врз растот на стартапите (во однос на креираните дополнителни работни места и големината и растот на приходите).
- Во своето 30 годишно искуство, мрежата на ЦЕФЕ придонесе во задоволување на животните потреби на 42,5 милиони луѓе ширум светот.