ИСТРАЖУВАЊЕ: Што ви е потребно да бидете глобални претприемачи?

ЦЕФЕ Македонија и партнерите во проектот “GET YES 2” – Erasmus + KA2 – Capacity building in the field of youth/ACPALA“, спроведуваат истражување за да ги идентификуваат потребите и недостатоците од вештини кај младите луѓе и кај одговорните за носење одлуки за програмите за обуки и методологии кои се потребни за креирање на покомпетентни претприемачи и можности за вработување.

Ако сте на возраст од 15-35 години и се сметате себеси дека сте претприемач или се стремите да станете претприемач, чувствувајте се слободно да го пополните овој прашалник:

Македонска верзија :https://forms.gle/vPpQSdCb4pnc4VYdA

Англиска верзија: https://forms.gle/8AUfSGb75A1zxELA8

Ако сте организација која нуди поддршка за креирање на претпријатија, можете да учествувате во истражувањето и да помогнете во детектирањето на проблемите и потребите поврзани со успешно самовработување, претприемништво и генерирање на работни позиции. Прашалникот за организации:

Англиска верзија: https://forms.gle/1QReA2mG2DbrQGNLA

Истражувањето е дел од проектот “GET YES 2” – Erasmus + KA2 – Capacity building in the field of youth/ACPALA“ и резултатите од истото ќе ги насочат партнерите од GET YES 2 проектот подобро да организираат и спроведат обуки, како и во други видови на поддршка за младите претприемачи. Идентитетот на учесниците во истражувањето ќе остане строго ДОВЕРЛИВ.