Ресурси

Објавено на јули 3rd, 2020 | од admin

0

ИСТРАЖУВАЊЕ: Како влијае корона – кризата на бизнисот во Македонија?

Забрзаното ширење на вирусот КОВИД 19 ја доведе светската економија во застој. Ова се времиња каде што таа се соочува со најголемиот предизвик во поновата ера како резултат на ненадејното запирање на економската активност како во напредните, така и во земјите во развој. Факторот на неизвеснот што ја загрозува економијата и капацитетот на носителите на одлуки да одговорат на шокот на пандемијата навремено и ефективно е значаен. Токму затоа од проекциите за потенцијалните влијанија на шокот COVID-19 врз глобалната економија се круцијални.

ЦЕФЕ Македонија во соработка со Економскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев, Штип, под иницијатива на CEFE International направи анкета за влијанието на корона-кризата врз бизнисот во Македонија. Податоците се собрани во периодот од 28-ми април до 2-ри мај во 2020 година, а во самата анкета учевствуваа повеќе од 50 компании од различни економски сектори од нашата држава.

Дали македонската економија има големи последици од корона – кризата?

Повеќето податоци кои што произлегоа од оваа анкета покажаа дека бизнис секторот во Македонија има последици од оваа криза, најмногу во нивото на продуктивност, продажба и приходи.

КЛУЧНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ОВА ИСТРАЖУВАЊЕ

  • Кога станува збор за вкупните приходи за 2020 година, во споредба со 2019 година, може да се забележи дека дека очекувањата на компаниите не се баш големи. Речиси 26.4% од анектираните компании ги стопирале голем дел од своите деловни активности, што резултира со намалување и на приходите.

  • Во однос на видовите проблеми со кои се соочија компаниите како резултат на појава на епидемијата кога од нив беше побарано да ги изберат трите најважни проблеми од прашалникот, резултатите беа следниве:

  • Поради сегашната состојба, 34% од компаниите одговориле дека користеле намалување на платите како средство за справување со финансиските проблеми.

  • Според студијата резултатите покажуваат дека постои загриженост кај компаниите за нивното работење во време на кризата со корона. 13.2% од испитаните компании воопшто не се вознемирени од корона – кризата, 73.5% се малку вознемирени, а 13.2% се доста вознемирени од оваа ситуација во која што се наоѓаме.

Во ова истражување, голема улога играа и мерките превземени од владата со цел да се намали влијанието на корона – кризата врз економијата. Aнкетираните компании беа запрашани дали токму овие мерки беа доволни, навремени и дали ќе ги покријат штетите од оваа криза.

  • Според добиените резултати од анкетата се покажа дека 71.1% од компаниите се донекаде задоволни со политиките за справување со кризата, 9.4% не се задоволни и 18.9% воопшто не се задоволни од политиките поврзани со корона-кризата.

  • Кога анкетираните компании беа запрашани дали мерките за заштита од оваа криза се доволни, ги добивме следните резултати: 5.7% од компаниите сметаат дека мерките не се доволни, 60.4% сметаат дека мерките се малку доволни и 34% од компаниите изјавиле дека мерките воопшто не се доволни.

Корона – кризата ја зафати македонската економија на таков начин што ги намали приходите, ги одложи или откажа новите и веќе започнатите проекти, ја намали побарувачката на потрошувачите и создаде тешкотии во плаќањето на финансиските долгови. Врз основа на добиените резултати од прашањата одговорени од повеќе компании во Македонија кои припаѓаат на различен индустриски сектор, подолу се презентирани неколку препораки кои можат да послужат како идни насоки во случај на појава на слична криза:

  • Секој бизнис, без разлика дали е во приватниот или јавниот сектор, треба да биде пофлексибилен и да најде начини за лесно прилагодување во непредвидливи ситуации. Ова е многу важно затоа што е од клучно значење за спроведување дополнителни мерки што ќе помогнат во финансискиот опстанок.
  • Бизнисите треба да развијат планови во случај на потенцијално сценарио од најлош случај и треба да направат внатрешна анализа барем на квартална основа, каде што ќе имаат подобро разбирање за нивната структура на трошоците, нивниот однос со клиентите, како и нивниот клуч ресурси и активности. Овие чекори се важни затоа што ќе им помогнат на компаниите да имаат појасна слика на која позиција во моментот припаѓаат и тоа ќе им помогне да направат планови во случај на криза.
  • И покрај деловните субјекти, владите треба да работат и на создавање на резервен план во случај на друга финансиска турбуленција. На овој начин, тие ќе бидат подготвени веднаш да понудат помош на оние на кои им е најпотребно
  • Владите и финансискиот сектор, составени претежно од банки и други финансиски институции, треба да развијат посилна соработка и тие да формираат нови политики за намалување или елиминирање на каматните стапки, да создадат нови начини кои ќе помогнат во плаќањето на даноците итн.
  • Владите исто така треба да работат на спроведување на нови политики и создавање кампањи што ќе го стимулираат македонското население да купува локални добра, затоа што во кризи станува очигледно дека домашните компании се главната движечка сила на економијата.
  • За повеќето македонски компании главниот проблем претставува финансиската ликвидност. Така, како долгорочен план за иднината треба да бидат нултата каматна стапка, што ќе биде од голема поддршка за секој бизнис на кој му е потребна помош за ликвидност.
  • Секоја компанија треба да го создаде својот резервен план за маркетинг, производство и продажба, затоа што вакви ситуации сопствениците на деловни активности ќе научат да реагираат без да предизвикаат други несакани ситуации, како што се отпуштање на вработените.
  • Владите треба да спроведат долгорочни мерки со кои ќе ја зајакнат социјалната заштита, ќе ја зајакнат мрежата за финансиска безбедност и ќе создадат политики за одржливост на долговите.
  • Македонските компании исто така треба да најдат начини да ја подобрат својата соработка и да вложат напори за создавање на подобро одржливо, социјално и економско влијание.
  • Малите и средни компании се движечка сила во македонската економија. Оттука, треба да има политика што ќе ги реши проблемите што претежно влијаат на овие компании
  • Компаниите исто така треба да обезбедат обука за своите вработени што ќе ги направат поподготвени и да можат да се справат со ситуации на криза и паника.
  • Имајќи предвид дека повеќето компании (околу 70%) немале проблеми со вработените, тие не отпуштиле ниту еден вработен, па дури и го зголемиле бројот на вработени; може да се препорача на сите фирми да продолжат да работат вака со цел да ја одржат економијата стабилна.
  • Треба да се организираат едукативни програми, семинари, конференции и други стимулативни пакети за компаниите со цел да се зајакне позитивниот став на менаџерите и да се одржат компаниите нормално да функционираат.

Целото истражување спроведено од ЦЕФЕ Македонија и Економскиот факултет при Универзитет Гоце Делчев, Штип по иницијатица на CEFE International можете да го погледнете на следниот линк.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑