Проекти

Објавено на април 24th, 2018 | од admin

0

Искуствено Учење на Угнетените Групи, за Возрасни

This post is also available in: English

Име на проектот: Искуствено Учење на Угнетените Групи за Возрасни

Програма: Еразмус+ КА2: Стратешки партнерства 

Имплементатор: ГЕГЕТ, Турција

Партнери: ЦЕФЕ-Македонија во соработка со 4 партнерски организации од Бугарија, Италија, Грција и Турција.

Временска рамка: Декември 2017-Декември 2019

Опис на Проектот:

Милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови и да бараат засолниште од конфликти, насилство, прогон или природни катастрофи во нивните земји. Мнозинството од денешните бегалци живеат во земјите во развој, што значи дека тие бегаат во земји кои се борат со сиромаштијата и напорната работа во сопственото општество. Протокот на миграција влијае на транзитните земји, како што се Турција, Грција, Македонија и Италија. Турција е земја домаќин на најмногу бегалци во светот, со повеќе од 3 милиони бегалци. ЕУ и Турција обезбедуваат засолниште, храна, хигиена, пријатни детски простори, помош за повторно обединување на семејството бегалци преку владини организации. Исто така, им се обезбедува  и образование, но нивната социјална интеграција обично зависи од достапноста на помошта што ја обезбедуваат локалните невладини организации и меѓународните организации. Од оваа перспектива, поради нивото на капацитет на невладините организации, недостига координација, квалитет, опрема, алатки и методологии за обезбедување образование особено за возрасните бегалци.

Иновативниот дел од овој проект е методолошки пристап за образование на возрасни. Во принцип, тоа е комбинација на две важни теории: „Теорија на Искуствено Учење“од Дејвид А. Колб и „Педагогија на Угнетените“ од Паоло Фрере.

Дејвид А. Колб – Американски научник – кој развива циклус на искуствено учење кој е признаен од глобалните институции како УНЕСКО, Европската комисија и Советот на Европа, тврди дека луѓето учат од нивните искуства. Теоријата за искуствено учење на Колб се состои од циклус на учење од четири фази: доживување, рефлектирање, размислување и дејствување. Искуственото учење е методологија која вклучува игри за учење и симулативни игри каде што учесниците го развиваат своето чувство на емпатија со доживување на емоционален процес во играта.
Другата теорија на која нашиот проект е заснован е „Педагогијата на Угнетените“ што генерира методологија за локализирање на искуствените алатки за учење. Паоло Фрере, бразилски просветител и филозоф е најпознат токму по неговото најважно дело „Педагогија на Угнетените“, која се смета за еден од основните текстови на критичкото педагошко движење. Според Фрере, образовната програма треба да ги земе предвид реалностите и позадината на луѓето. Едукаторите треба да започнат дијалог со учесниците, со цел да го откријат вистинскиот свет на учесниците вклучени во самата едукација, да ги увидат нивните разбирања, вредности и реални проблеми.

Проектот ќе ги развие капацитетите на невладините организации, а тоа ќе го постигне со обука на возрасни. Обучувачите не само што ќе развијат искуствено учење, методологија за клучните компетенции за возрасни бегалци, туку тоа тоа ќе го стори СО возрасни бегалци кои ќе бидат вклучени во целиот процес. Учеството ќе биде главната методологија на самиот проект.

Проектот има посебна додадена вредност во полето на европското неформално образование, бидејќи претставува комбинирање на методологијата на искуствено учење и педагогијата на угнетените групи. Оваа иновативна активност ќе креира нова методологија за локализирање на алатките за искуствено учење, а воедно, ќе ги користи и за едукација и интеграција на бегалците.

Очекувани резултати:

  • Создавање на нов методолошки пристап „Искуствената Педагогија на Угнетените“, комбинација на „Искуствената Теорија за Учење“ на Дејвид А. Колб и „Педагогијата на Угнетените“ на Пауло Фреире, која ќе биде создадена за потребите на возрасните бегалци.
  • 40 Едукатори за возрасни кои ќе учествуваат во активностите за обука и учење ќе се здобијат со нови способности и вештини во областа на образованието за возрасни со што ќе можат попрофесионално да работат со возрасните бегалци.
  • Ќе биде креиран и објавен сет од алатки кој ќе можат да го користат партнерите, но и сите останати здруженија кои работат со оваа или слична проблематика.
  • Ќе биде изготвен прирачник кој ќе биде доставен на десетици невладини организации во секоја од партнерските земји.
  • При локалната имплементација на проектот, 4 тимови за обука од секоја партнерска организација, ќе ги применат новите вештини за група од 15 возрасни учесници, што значи 300 возрасни лица во вкупно во 5 земји.
  • Ќе бидат одржани 5 конференции на кои 270 луѓе од областа на образованието за возрасни ќе бидат известени за проектот и неговите резултати и ќе ги испробаат алатките на „Саемот за Алатки“.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑