Вести

Објавено на декември 17th, 2021 | од admin

0

Изграден мост меѓу социјалните претприемачи од Балкан и Кавказ

На 14 декември 2021 година заврши 3 годишниот проект „Старт ит ап – Кип ит ап“, кој помогна да се креираат и зајакнат капацитетите на 25 ментори за социјални бизнис од Македонија, Бугарија, Грција, Хрватска, Турција и Азербејџан. Менторите за социјален бизнис добија 3 обуки со врвни професионалци кои се одржаа во Хрватска, Македонија и Грција. Благодарение на нивните менторски капацитети тие помогнаа да се развијат и менторираат идеите за социјален бизнис на преку 50 претприемачи од наведените земји.

За сите кои имаат визија да придонесат во развој на социјалното претприемништво, овој проект креира и материјали и прирачник за ментори за социјални бизниси кој е преведен на 6 јазици и може да се најде на официјалната веб страна – www.startitupkeepitup.com

Значајно е да се каже дека фондовите од Еразмус+ програмата, преку кои се финансираше проектот, придонесоа за културна и бизнис размена меѓу учесниците и партнерските организации со што нови партнерства, идеи и мрежи се развиени за поддршка на социјалните претприемачи.

Од 08ми до 11ти декември 2021 година, партнерите од проектот се состанаа во Банско, Бугарија, на состанок на кој што ги сумираа резултатите и се коментираа научените лекции.

Со ова, тимот на ЦЕФЕ Македонија, јавно им се заблагодарува на координаторите на проектот – Националното Здружение на Малдински Организации од Р. Азербејџан (НАЈОРА), како и проектните партнери соработници, координатори, ментори, експерти и тренери од Македонија, Грција, Бугарија, Хрватска и Турција за придонесот во промовирањето и надоградувањето на екосистемот за поддршка на социјалните претпријатија.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑