Идните фасилитатори подготвени за спроведување на работилници за кариерен развој
Во рамките на Voccess проектот, а во организација на ЦЕФЕ Македонија, на 25.07.2020 година се одржа онлајн сесија за подготовка на идните фасилитатори за спроведување на работилници за кариерен развој. Подготвителната обука се одржа преку онлајн платформата Zoom.
Сесијата ја водеше Јован Сталевски-интернационален ЦЕФЕ обучувач, а на обуката присуствуваа Благој Трајков – проектен координатор и ЦЕФЕ обучувач, како и ЦЕФЕ обучувачите: проф. Оливера Горгиева-Трајковска-декан на Економски факултет при УГД Штип, проф. Емилија Митева- Кацарски – про- декан на Економски факултет при УГД Штип, проф. Маја Давкова- професор по физика и проф. Валентина Зафироска- професор по математика, како фасилитатори на обуките.
Работилниците се наменети за кариерен развој на млади и истите нудат поддршка на младите во процесот на откривање, создавање и поставување на темелите на личниот развој. Ќе се одржуваат за 60 млади студенти и ученици во периодот 28 до 31 јули 2020. Следете не за повеќе инфо.
Voccess проектот е дел од Еразмус + програмата и е поддржан и ко-финансиран од Европската унија.