Вести

Објавено на декември 5th, 2018 | од Trajche Anastasov

0

Зголемете ја Вашата продажба пред Новогодишните празници

Несомнено, продажбата е вештина која е предуслов за успешен бизнис. Таа решава се! Без оглед на тоа колку е квалитетна услугата или производот кој се нуди, доколку тие не се разменат – продадат на пазарот, тогаш се безначајни.

Но, како и секоја вештина, тоа е нешто што може да се научи и инкорпорира доколку секојдневно се применува наученото, се до моментот кога ќе премине во ново-стекната навика.

Она што сите ние го знаеме, но сепак го занемаруваме е фактот дека сакаме да купуваме, но не сакаме да ни продаваат.

Што е разликата?

  • Разликата е во тоа што кога ни продаваат, ние слушаме, а кога купуваме продавачот ни го нуди токму она што нам ни треба, затоа што успеал да дознае што ни е потребно.

Како успеал да дознае што ни треба?

  • Пристапот и вистинските прашања се клучот за реализирање на продажбата.

За таа цел, ЦЕФЕ Македонија организира еднодневна, високо ефективна и практична обука за зголемување на продажбата пред Новогодишните и Божиќните празници.

Оваа обука е дизајнирана за сите нови и искусни продавачи кои сакаат да ги надградат своите вештини за продажба и да го искористат своето време најефективно. Исто така охрабруваме да учествуваат и продажни тимови, со што ќе можат да се стават на иста фреквенција и да се подготват за висока реализација.
Поконкретно: Доколку сте продавачи, сопственици, менаџери на компании и потенцијални лица кои се вклучуваат во процесите на продажбата … оваа обука е за вас.

Обуката ќе ги опфати следниве теми:

  • Зголемување на продажната продуктивност;
  • Како да импресионирате при комуникација со клиенти;
  • Афирмативен VS. Негациски пристап;
  • Клучни навики и вештини за подобрување на продажниот перформанс;
  • Начини за зголемување на влијанието при водењето на продажните преговори;
  • Зајакнување на продажната продуктивност при директна продажба.

Што ќе научите?
• Идентификување на однесувањето и вештините на успешните продавачи
• Опис на различните типови на продажни модели
• Да ги идентификувате и применувате елементите на продажната рамка (АИДА)
• Разбирање на потребите на потенцијалните купувачи и како да водите продажен разговор
• Избирање на техники за затворање на продажбата
• Совети за комплетирање и достигнување на продажните цели
• Како да развиете акциски план за употреба на вештините на продажба
• Стратегии за одржување добра комуникација со вашите клиенти

Кои вештини ќе ги усовршуваме? 1. Наоѓање на потенцијални клиенти; 2. Продажна презентација; 3. Преговарање при продажба; 4. Затварање на продажба; 5. Проследување и одржување контакти; 6. Подготовка за старт на продажен тим.

Дали ќе биде применливо за мојот сектор? Убавината на ЦЕФЕ обуките е во нивната флексибилност и можноста да ги користите стекнатите вештини во секој дел од живеењето. Структурата на обуката е таква што ќе ве наоружа со вештини за продавање и практични совети кои може да ги користите и практикувате во продажба на услуги, производи и очекувања. Обуката ќе биде фокусирана на препознавање и задоволување на потребите на купците, и на начинот на кој што тие сакаат да им биде продавано и начинот на кој што тие сакаат да купуваат.

Вашиот обучувач ќе биде Леонард Каја, Quality & Team Leader во one.Vip ДОО, кој своето долгогодишно искуство од преку 150 обуки, тренинзи и работилници, ќе ви го пренесе Вам, со цел да ги подобрите вашите продажни вештини, а со тоа и вашиот бизнис.

Доколку некоја од горенаведените теми претставува дел од мозикот што би ве зајакнал Вам или Вашиот продажен тим во супер продавачи пред претстојните празници, ве очекуваме на 17.12.2018 во просториите на ЦЕФЕ Македонија (Бул. Партизански Одреди 27/А/3), со траење од 16:00 до 21:00 часот да бидете дел од едно практично искуство.

Важно: местата се ограничени на 20 учесници!

Што треба да инвестирам за себе? Покрај време и посветеност, се очекува од учесниците да инвестираат и финансиски средства. Благодарение на непрофитната дејност на ЦЕФЕ Македонија, оваа обука ќе ви биде овозможена со инвестиција од само 1.600 денари

Промотивни услови:

  1. За рано пријавување и уплата до 10ти Декември, следува 20% попуст (или 1240 денари).
    2. За групно пријавување од иста компанија или организација, следува попуст од 15% (или вкупно 1360 денари) за вториот учесник и 30% (или вкупна цена од 1120 денари) за третиот.
    3. За невработени лица и студенти, попустот изнесува 20%, (или 1240 денари) а истиот се одобрува со приложена потврда од Агенција за Вработување на РМ или индекс.

Што добивам дополнително?
– Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите.
– Материјали во електронска и печатена форма;
– Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;
– 50% Попуст за дополнителни консултации при изработката на лични стратегии за зголемување на продажба;
– Освежување, кафе и закуска за време на обуката;

Бидејќи местата се ограничени, Ве молиме резервирајте го вашето место навреме, со регистрација на следниов линк: https://goo.gl/forms/9cmwEoKdv0ca9Xno2

Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија, изборот на учесници се прави по принципот, прв дојден, прв услужен. А за потврда на резервацијата за учество, ја земаме во предвид уплатата на нашата жиро сметка:

НЛБ Банка, АД Скопје

210-0637710601-47,

Цел на дознака: Обука за продажба

Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: 078 201 854 или info@cefe.mk

Само инвестицијата во себе е сигурен капитал,

Ве очекуваме да соработуваме


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑