Вести

Објавено на октомври 19th, 2019 | од admin

0

За социјалниот бизнис на Националната Телевизија

Сте го слушале терминот социјално претприемништво околу вас? Сигурно и ве интересирало што тоа претставува? Дали воопшто тоа кај нас има примена? Дали некој се занимава сериозно со тоа? А можеби и дали е одговор на сечија мисија што секој традиционален бизнис треба да ја има?

На сите овие прашања, дискутираа Јован, Бубе, Симона и Невен, во емисијата Тунел на Македонската Радио Телевизија, заедно со водителката Живкица Каленикова.

Јован Сталевски, претседател и обучувач на здружението за обука и поддршка на претприемачи “ЦЕФЕ Македонија”,  објасни што е поимот социјално претприемништво, од каде доаѓа, каква поврзаност има со социјалниот бизнис, каква едукација е потребна за основање социјално претпријатие и какви вештини се потребни за успех.

Љубомир Стојчевски, од ресторанот за здрава храна “Фрешис”, зборуваше за бизнис моделите на социјално претпријатие, како и за законските регулативи во однос на донации.

Симона Станковиќ, Национална Координаторка на наградата за социјално претприемништво СИА Македонија, зборуваше за ширењето на социјалното претприемништво низ светот, резултатите во Македонија, колку нашите млади размислуваат како социјални претприемачи, како и детали за СИА наградата.

Невен Стевчев, основач на Трибенкс, социјален бизнис концепт кој преку секое наше букирање сместување онлајн, тие садат по едно дрво, ја раскажа својата приказна и некои освестувачки пораки за кревање на свесноста за зачувување на природата преку социјални бизнис модели.

Она што ги собра овие говорници на едно место е заедничкото верување дека социјалните промени се неопходни за изградба на општество каде секој ќе просперира.

И како што технологијата и мислата напредуваат, се надеваме дека ќе дојде денот каде социјалниот бизнис нема да биде дискутиран како посебна категорија од другите форми на бизнис, бидејќи секој бизнис првенствено треба да создава вредност која ќе има влијание врз квалитетниот живот на луѓето во општествата.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑