Што е ЦЕФЕ?

This post is also available in: English

ЦЕФЕ Методологија

Основни инструменти според кои работиме се базирани врз ЦЕФЕ методологијата (во превод значи: економии засновани на компетенции, формирање на претпријеатија), која користи пристап ориентиран кон акција и едноставни методи на учење со цел да се развијат и зајакнат менаџерските и личните вештини на претпримачите во контекст на зголемување на приходите, отварање на нови работни места и одржлив економски развој.

Создадена е во 1980 година од Германското Министерство за Економија, а раширена низ светот преку Германската Агенција за Меѓународна Соработка (ГИЗ). ЦЕФЕ се смета за една од најуспешните методи за учење на возрасни и развој на бизнис.

Во последните 20ина години ЦЕФЕ обуките се спроведуваат доста успешно во повеќе од 130 земји во светот преку развој на меѓународна мрежа која брои над 10000 активни тренери кои севкупно имаат обучено повеќе од 20 милиони луѓе.

Учесниците од разни земји на светот, во едно одемно истражување на Германското министерство за економска соработка, ги оцениле ЦЕФЕ обуките како корисни или многу корисни:

– за развој на своите претприемнички вештини 91%

– за личен развој 93%

– за развој на својот бизнис 86%

98% од сопствениците на бизнис со 1-2 вработени и 100% од сопствениците со 6-10 вработени тврдат дека приходите и прометот им пораснале за најмалку 30% откако учествувале на ЦЕФЕ обуки.

Од учесниците кои ги следеле обуките со намера да започнат свој бизнис:

– 44% не отвориле сопствен бизнис, додека 45% се успешни претприемачи.

Примери од терен: ЦЕФЕ методологијата е промовирана во повеќе од 140 земји во светот а активно се користи во околу 80ина. Примери за тоа:

– Бизнис Старт ап Центар, Битола ја користеше ЦЕФЕ методологијата во своите обуки за бизнис вештини и поддршка на старт ап компаниите во периодот 2009 – 2011.

– ЦЕФЕ е селектиран како еден од главните методи за претприемнички обуки на Универзитетите во западна Германија;

– Балтичките земји имаат креирано своја организација Baltic Entrepreneurship Academy која има за цел да го употребува овој метод за развој на претприемништвото;

– Бразил има повеќе од 2000 ЦЕФЕ тренери и повеќето од невладините кои работат на поддршка на мали и средни претпријатија ја користат оваа програма;

– Телеком компанијата во Црна Гора ја употребува ЦЕФЕ за развој на нивниот кадар, итн.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone

Back to Top ↑