Вести

Објавено на февруари 7th, 2019 | од Trajche Anastasov

0

Завршна конференција на проектот за поддршка на фамилијарните бизниси

На 23ти јануари, во Атинската комора за трговија и иднустрија се одржа завршната конеференција на проектот за поддршка наследниците на фамилијарните бизниси и нивното успешно наследување – ФАБУСС (FAmily BUsiness Successful Succession). Проектот е дел од  Еразмус+ програмата, со времетраење од 24 месеци, а во него учествуваа партнерски организации од 6 зејми, во координација на Атинската Стопанска Комора. Целта на овој проект беше да им се помогне на младите инволвирани во фамилијарните бизниси да стант успешни и ефективни наследници.

Во Македонија се смета дека над 50% од бизнисите се фамилијарни и имаат голем удел во вкупниот БДП, како и во понудата на работни места, со што пружаат голема поддршка на македонската економија.

Во име на партнерите од Македонија – ЦЕФЕ Македонија и НМСМ, зборуваше претседателот на ЦЕФЕ – Јован Сталевски, кој истакна дека “овој проект ги разбуди наследниците, претприемачите, поддржувачите и експертите за фамилијарни бизниси да делуваат проактивно во успешното наследување на фамилијарните бизниси. Зошто? Бидејќи повеќе од две третини од сите мали и средни претпријатија во државата се истоветуваат со фамилијарни бизниси, а тоа е значаен дел од Македонскиот БДП и конкретните работни места во сите региони на државата”.

На конференцијата се зборуваше и за важноста на проектот, неговата имплементација и постигнатите резултати. Зборувајќи на конференцијата, претседателот на Атинската Стопанска Комора, г. Константинос Михалос, итакна дека:

„Преку обуките во FABUSS проектот на учесниците им беше дадена можност да се здобијат со соодветни вештини и знаења, за да можат ефективно да управуваат и развиваат фамилијарни бизниси, како и да ги имплементираат иновативните стратегии, да ги искористат можностите за вмрежување и соработка со претпријатија од други земји.

Создавањето на подобри услови за транзиција на фаилијарните бизниси од една на друга генерација беше потребата на која сакавме да одговориме со FABUSS. Со други зборови сакавме да им помогнеме на помладите членови на семејството да станат компетентни и ефективни наследници. Во тој контекст, организиравме партнерство на актери од шест земји: Грција, Италија, Кипар, Бугарија, Португалија и Македонија, преземајќи ја улогата на координатор.

Првиот чекор беше да се спроведе истражување за да се идентификуваат потребите, по што следеше 25-часовна програма за семинари, каде што вкупно, беа обучени 235 лица кои учествуваа бесплатно. Сите овие, сегашни или идни сопственици на фамилијарни бизниси, имаа можност да присуствуваат на презентации, да учествуваат во дискусиите и да учат специјален едукативен материјал за успешна деловна сукцесија.

Сакавме оваа работа да создаде добра практика, поглавје на искуство и материјал кој ќе биде експлоатиран во иднина, како од Атинската Стопанска Комора, така и од партнерите, а и од други засегнати страни за поддршка на процесот на сукцесија во фамилијарните бизниси.

Во оваа смисла, верувам дека овој проект ќе продолжи да ја исполнува својата цел, дури и по неговото завршување.“

Во овој проект се постигнаа следните резултати:

  1. Се идентификуваа и се нагласија најдобрите практики за обука и поддршка на идната генерација на лидери во фамилијарните бизниси;
  2. Им се овозможи на идната генерација лидери да дојдат до потребните знаења, вештини и контакти- национални и меѓународни;
  3. Се зајакнаа знаењата и вештините на идните лидери, преку транснационални практики, експертиза и тимска работа со членовите од целната група од други земји;
  4. Се поддржаа долговечноста на фамилијарните бизниси, нивно обновување и интернационализација, со цел реализација на нивниот социјално-економски придонес;
  5.  Се идентификуваа и анализираа регионалните потреби во полето на фамилијарните бизниси и младинското претприемништво;
  6. Се креираше и имплементираше онлајн платформа за подобрување на нивото на претприемачки знаења и вештини на младите-наследници на семеен бизнис.

За време на конференцијата, беа направени повеќе предлози за експлоатација на програмата FABUSS:

  1. Искористување на производите на FABUSS и на други организации за дополнување на нивните сопствени програми
  2. Пренесување на материјал за обука на FABUSS до заинтересирани провајдери на обуки во регионот
  3. Идивидуален коучинг на двете генеррации
  4. Развивање на програми за претприемачки вештини кај децата
  5. Развивање на нови претприемачки програми според потребите на двете генерации

ЦЕФЕ Македонија веќе работи на следните активности кои продолжуваат да пружаат поддршка на фамилијарните бизниси. Од февруари започнуваме со спроведување на обуки со материјалите произведни во ФАБУСО, а спремаме и  форум на фамилијарни бизниси кој ќе се одржи во октомври оваа година.


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑