Вести

Објавено на јули 26th, 2018 | од admin

0

Експертски состанок во Софија

Во периодот од 24-26 јули 2018 година, во Софија, Бугарија, се одржа експертски состанок на партнерите на проектот “Искуствено учење за угнетените групи на возрасни”.

На состанокот се креираше:

  • прашалник за истражување на потребите на едукаторите, кои што работат со возрасни со помалку можности, од методи и пристапи за употреба на искуствено учење.
  • повик и програма за обука за обучувачи која што ќе се одржи во октомври 2018 во Истанбул, Турција и јули 2019 во Македонија.
  • онлајн алатки за комуникација на тимот и обработка на податоци од истражувањето.

Овој состанок е дел од проектот за стратешки партнерства во делот за учење на возрасни и е делумно финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Комисија. Во проектот се вклучени организации од Турција, Македонија, Грција, Бугарија и Италија.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑