Вести

Објавено на декември 16th, 2016 | од admin

0

Успешно организиран дијалог помеѓу младите и креаторите на политики

Во рамките на проектот „Дијалог помеѓу младите луѓе и креаторите на политики“ на ЦЕФЕ Македонија, од 27ми до 29ти Ноември во Хотел Епинал во Битола, беше одржана конференција.

На конференцијата присуствуваа повеќе од 80 млади луѓе, претприемачи, универзитетски професори, членови на младински организации, членови на организации за поддржка на претприемништвото, претставници на државни институции, бизнисмени, невработени.

Целта на конференцијата беше да се поттикне дијалогот помеѓу сите клучни играчи на локално ниво кои имаат улога во креирање на услови за промоција и поддржка на младинското претприемништво.  Од друга страна да се охрабрат младите да бидат проактивни во барањето на информации, за поддржката што институциите и организациите ја нудат на ова поле.

На конференцијата како почетна точка за дискусија се презентираа податоците од истражувањето што ЦЕФЕ Македонија го спроведе помеѓу младите луѓе и креаторите на политики. Од овие резултати произлегоа конкретни и јасни насоки во кои треба да се движат и институциите, но и младите, за подобрување на нивната соработка.

Резултатите од истражувањето се публикувани во брошура која наското ќе биде објавена во електронска форма, достапни за јавноста.

На конференцијата гости говорници беа: Ѓорги Рафајловски – SEEU TechPark, Тетово; Александар Димески – LEAD, Скопје; Маргарита Гулевска – Здружение на граѓани Отворете ги прозорците, Скопје; Проф. Др. Константин Петковски – Технички факултет Битола, Битола; Јулујана Поповска  –  Агенцијата за вработување на Република Македонија, Битола; Андреа Соколовски, Ана Велјановска, Стевче Манивиловски –Агенција за поттикнување и развој на земјоделие, Битола; Доц. Др. Божидар Миленковски – Факултет за информатички и комуникациски технологии, Битола; Дијана Дамевска  – Бизнис Академија Смилевски; Антонио Колонџоски – Здружение за напредно и современо образование Волвокс, Битола.

Погледнете ги сликите од конференцијата.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone

Tags: , , , ,


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑