Вести

Објавено на ноември 7th, 2018 | од Trajche Anastasov

0

Дводневно интернационално вмрежување во Тирана, Албанија

This post is also available in: English

На 2ри и 3ти ноември 2018 година, дел од тимот на ЦЕФЕ Македонија беше во посета на Тирана, Албанија со цел вмрежување со локални интернационални огранизации и бизниси.

Додека престојувавме таму, првиот ден, имавме можност да проследиме еден интересен говор и вистински да се инспирираме – присуствуваме на настан организиран од InnoSpace, каде што домаќин беше SWISS EP Albania, а зборуваше Keith Ippel од Spring Activator (Canаda), кој одржа навистина мотивирачки говор за „Како до почетни финансии за бизнис идеја“. На настанот се дружевме со млади претприемачи, бизнисмени, инвеститори, како и претставници на ЦЕФЕ организацијата од целиот свет.

          

Вториот ден учествуваме на IDEA – Award Ceremony, во организација на CEFE International, GIZ-ProSEED и AIDa. Настанот беше посветен на startup бизнис идеи, каде што учесниците по двомесечна обука и менторство, ги презентираа своите идеи пред професионално и независно жири, составено од претставници од приватни, јавни и финансиски институции, како Министерството  за финансии и економија на Албанија, DIHA, Betahaus, Deloitte Albania и ProCredit Bank, додека бизнис идеите покриваа широк спектар на индустрии, како на пример производство, уметност, земјоделство, туризам итн. Церемонијата ја отворија министерката за финансии и економија на Албанија, госпоѓа Албана Шкурта и претставничката на германската амбасада во Албанија – госпоѓа Марен Кнелер, која им посака добредојде на учесниците и присутните. За време на церемонијата, на најдобрите пет бизнис идеи им беа доделени гранотви од 7000 евра, а инагурирани беа и новите ЦЕФЕ тренери од Албанија,  со кои што ќе имаме можност за понатамошна соработка. На настанот присуствуваа претставници од бизнис секторот, приватни и јавни институции, владини и невладини организации, млади претприемачи, како и бизнис консултанти.

                        

По нашиот престој во Тирана, топло ви препорачуваме да ја посетите и да уживате во долгите прошетки и локалните специјалитети.

 


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑