Вести

Објавено на мај 6th, 2017 | од admin

0

Дали фамилијарните бизниси во Македонија се наследуваат?

This post is also available in: English

Имате или познавате некој фамилијарен бизнис? ЦЕФЕ Македонија е пријател на вашиот бизнис и сакаме да ви помогнеме успешно да го наследат вашите поколенија.Пријавете се во истражувањето кое го вршиме низ цела Македонија и добијте значајна поддршка.
Пишете ни на info@cefe.mk за повеќе информации.

Добивки што ќе ги понуди проектот ФАБУСС за успешно наследување на фамилијарните бизниси е следно:

– Иновативни тренинг материјали кои ќе ги обучат следните наследници на бизнисот за успешно водење;
– Онлајн платформа за учење и споделување добри и лоши практики со бизниси од Јужна Европа;
– Поврзување со потенцијални клиенти и соработници од Јужна Европа;
– Експерти и консултанти;
– Можност за долгорочна соработка и поврзување со финансиски институции за поддршка на бизнисот;

ФАБУСС (Успешна сукцесија на фамилјиарни бизниси) е двегодишен проект финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Унија. Целта е да им помогне на младите луѓе кои што се поврзани во фамилијарен бизнис да станат ефективни и успешни наследници на истиот. Целна група се млади луѓе од 18 – 35 години кои во иднина би го наследиле бизнисот на нивната фамилија. Овие надежни претприемачи имаат потреба од вештини и знаење за ефективно развивање на бизнисот преку иновативни стратегии како проширување на странски пазари, вмрежување и соработка со слични претпријатија од други земји.

Share on Facebook6Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn1Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑