Медиа

Објавено на февруари 21st, 2018 | од admin

0

Гостување на Претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски на РТК 2

This post is also available in: English

На 20.02.2018, Претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Јова Сталевски, беше гостин на утринската емисија на Радио Телевизија Косово. Целта на гостувањето беше претставување на проектот „Млади, Вработување и Вештини“, проект на ГИЗ Косово, финансиран од Германско-Косовската Соработка за Развој.

Во овој проект, ЦЕФЕ Македонија зема учество како подизведувач и беше реализатор на обуки за меки вештини на кои учество земаа 50 млади, невработени од северно Косово. ЦЕФЕ Македонија беше задолжен и за организирање на саем за вработување, на кој 50-те млади учесници на обуките имаа шанса да се претстават и да се вмрежат со бизнисите од северно Косово кои изразија желба да бидат дел од проектот и да им понудат пракса. освен обуките за меки вештини и саемот за вработување, ЦЕФЕ Македонија ќе го спроведе и процесот на адаптација и следење на прогресот на младите во компаниите каде ќе бидат на пракса, која ќе биде платена со пари од проектот и ќе биде во висина од 150 евра со траење од 3 месеци, а започнува на 01.03.2018.

За повеќе информации околу проектот, неговата реализација, очекуваните резултати и импактот кој би го имал на северот од Косово, погледнете го гостувањето на Јован Сталевски на следниов линк.

 


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑