Глобална ЦЕФЕ Конференција за Претприемништво 2022
Претприемачи и идни претпприемачи, лидери, организации и институции, Ве покануваме заедно да го славиме претприемништвото!
Со големо задоволство сакаме официјално да Ви ја најавиме првата Глобална ЦЕФЕ Конференција за Претприемништво, која ќе се одржи во Хотел Панорамика во Скопје, Македонија на 25 и 26 август, 2022 година.
КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЌЕ ГИ СЛАВИ
- 15 години пријателство и соработка од формирањето на ЦЕФЕ Македонија;
- 25 години откако ЦЕФЕ Методологијата гради компетентни економии во Македонија и Југоисточна Европа;
- Македонија за прв пат во 30 години е домаќин на интернационална ЦЕФЕ конференција;
- Поддржувачите и придонесувачите во претприемачкиот еко систем;
- Претприемачите кои креираат нова вредност за сите нас;
- Еразмус + програмата и проектот „Глобална Размена и Обуки за Младинско Вработување 2“
ЗОШТО ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИТЕ?
- Да се вмрежите и создадете пријателства со луѓе од светот;
- Да понесете добри практики за поддршка на претприемачите;
- Да научите за финансиски можности за реализација на вашите проектни идеи;
- Да се запознаете и вклучите во ЦЕФЕ стратегијата за 2030 година;
- Ќе добиете официјален сертификат за учество на конференцијата
- и најважно од се, да се забавувате и да понесете убави спомени;
На настанот ќе има повеќе од 70 гости од 5 различни континенти. Запознајте ги и вмрежете се со нашите говорници и лидери:
- Марлинде Баренз (Германија) – претприемач и директор на ЦЕФЕ Интернационал;
- Зоран Витанов (Македонија) – лидер, визионер и креатор на претприемачи. Еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија.
- Игор Разборник (Словенија) – иноватор, лидер и визионер за општествен развој. Сопственик на консултантска куќа SMART IDEA.
- Ангелита Резорекшн (Филипини) – посветен лидер и визионер во градење на претприемачки вештини кај децата во Филипини. Соосновач на „ЦЕФЕ Филипини – АДФЕК“ и приватно основно училиште „Олд Балара Кришчн Комјунити Скул“
- Лаура Гајосо (Венецуела) – обучувач, претприемач и основач на „ЦЕФЕ Венецуела“
- Мустафа Ердоган (Турција) – академик и лидер во развојот на искуственото учење во светото. основач на „Центарот за искуствено учење во Турција“
- и многу други гости…
Конференцијата ќе содржи инспиративни разговори од претприемачи и лидери кои ќе ги споделат своите размислувања и практики за тоа нивните инспирации, идеи и нивните искуства во пребродување на предизвиците, а вие ќе добиете шанса да се поврзете со други истомисленици кои сакаат да научат повеќе за претприемништвото!
Агенда за настанот погледнете ја на следниот линк: https://bit.ly/3PoRzvL
Резервирајте го вашето учество на една од следните форми:
- Форма за пријавување на англиски јазик https://bit.ly/3yLMPJC
- или Форма за пријавување на македонски јазик https://forms.gle/1rFB4pucUSy6PDqT8
Пријавување и информации кај организаторите:
- Сара Цветковска 078 714 993 info@cefe.mk
- Благој Трајков 071 324 959 blagoj.t@cefe.mk
Глобалната ЦЕФЕ Конференција за претприемништво е дел од проетктот GET YES2 (Global Exchange and Training for Youth Employment Services 2), финансиран од Еразмус+ програмата.